Харвард со препорака: Младите треба особено да внимаваат во ширењето на коронавирусот

Харвард со препорака: Младите треба особено да внимаваат во ширењето на коронавирусот

Објавена во: Совети // Другарство

Младите луѓе и ширењето на пандемијата на коронавирус

Коронавирусот особено се шири кај младите луѓе на возраст меѓу 20 и 24 години, беше објавено неодамна во опсежна студија од престижниот Харвард. Работата сепак е покомплицирана...

Коронавирусот сериозно ги оптерети здравствените системи ширум светот и го зголеми бројот случаите. Владите беа принудени да воведат забрани за луѓето да излезат и да контактираат едни со други. За време на кризата, земји како Јужна Кореја, Нов Зеланд и Германија се најдоа на вниманието на светската јавност, со оглед дека пандемијата има релативно мали последици во тие земји. Ова го разбуди интересот и од професионалните научници и од хоби-епидемиолозите.

Со оглед на ова, не е изненадувачки што студијата која поблизу разгледуваше на прашањето колку се почитуваат правилата за излегување и контактирање во Германија, привлече големо внимание. Според таа студија, особено младите не се придржувале кон забраната за контакт и со тоа придонеле за ширење на нов вид коронавирус. Овој резултат го постигнале двајца научници од универзитетот Харвард.

Социјалното растојание е тешко кога се демонстрира

Тие ги објавија резултатите од нивните истражувања во научното списание за заразни болести и епидемиологија Евросурвизија. Нивната студија се појави веднаш по еден викенд за време на кој голем број на млади уживаа во парковите во големите градови, а некои дури учествуваа и на анти-блокирачки протести.

Поголем релативен ризик за младите луѓе

„Младите на возраст од 20 до 24 години ја шират пандемијата на коронавирус во Германија“, беше насловот во весникот Тагесшпигел, а написот се однесуваше на студија на Харвард. За тоа пишуваа и други весници. Но, колку се веродостојни тие тврдења ако ги погледнете податоците малку подобро пд Епидемиолозите од Харвард Едвард Голдстајн и Марк Липчич кои користеле податоци од Институтот Роберт Кох (РКИ) во својата студија.

Истражувачите користеле податоци за бројот на заразени лица со 19 години во последната недела од март и почетокот на мај. Од ова, тие заклучуваат дека релативниот ризик (РР) од коронавирусна инфекција во Германија е значително поголем за лица на возраст меѓу 15 и 34 години, а особено за луѓе на возраст меѓу 20 и 24 години, отколку за сите други возрасни групи. Истражувачите откриле дека ситуацијата е слична во Јужна Кореја, каде повеќето луѓе биле заразени на возраст меѓу 20 и 29 години.

Недостаток на фактори

Но, студијата експлицитно вели дека научниците не биле во можност да ги утврдат причините за зголемениот ризик од инфекција во таа група. Научниот напис ја спомнува, точно, можноста ширењето на коронавирусот да биде поврзано со „послабо почитување на одредбите за одржување на оддалеченост кај лица на возраст од 15 до 34 години“.

Но, научниците не се занимавале со фактот дека поверојатно младите луѓе на работни места кшто доаѓаат во контакт со многу луѓе, како што се хотели и ресторани, продавници, автобуси и трамваи. Некои од овие сектори, мораа да се затворат за време на кризата со корона, но научниците од Харвард упатуваат на податоци кои делумно биле создадени пред воведувањето ограничувања на движењето. Ова значи дека е можно младите да се заразиле на работа во тоа време.

Студијата исто така не зема предвид дека младите имаат помала веројатност да поседуваат сопствен автомобил и дека, соодветно на тоа, мораат да користат јавен превоз за време на пандемијата на коронавирус.

Да, младите се поотпротни на коронавирус, но тие исто така се и потенцијални носители кои можат да аразат други, посебно затоа што научени се да се собираат на едно место, да користат јавен превоз, да се дружат во групи- велат од Харвард.

Дури и со попуштањето на мерките, мора да се внимава на оваа група, а особено тие, таа возраст треба да бидат многу свесни за ситуацијата и со посебно да внимаваат.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: