HBO се јави по грешката во четвртата епизода од хит серијата „Game of Thrones“

HBO се јави по грешката во четвртата епизода од хит серијата „Game of Thrones“

Објавена во: Stars // Филм

Доколку сте ја гледале четвртата епизода од хит серијата „Game of Thrones“, погледнете ја повторно, но внимателно. Имено, во сцената каде што Денерис седи, на славењето по победата во Винтерфел, на нејзината маса се наоѓа чаша со кафе од познатиот Старбакс.

Фановите ширум светот им замерија на продуцентите за ова и конечно, се јавија и од HBO. „Работите може да бидат заборавени на сетот. Но, реакциите на луѓето се прејаки за ваква мала грешка“, рече уметничкиот директор на серијата Хауке Рихтер.

За тоа време, продуцентката Бернадет Каулфилд изјави - „Не сум сигурна дали тоа навистина се случило, но ако одговорот е да, навистина ни е жал!“


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: