Хејли Бибер хоспитализирана поради проблеми со мозокот, докторите велат дека е последица на коронавирусот

Хејли Бибер хоспитализирана поради проблеми со мозокот, докторите велат дека е последица на коронавирусот

Објавена во: Живот // Живот

Хејли Бибер, сопругата на пејачот Џастин Бибер, неодамна завршила во болница поради здравствени проблеми поврзани со мозокот, за кои лекарите веруваат дека се можна последица на инфекција со корона вирусот, пишува TMZ.

Манекенката била хоспитализирана пред неколку дена откако побарала итна медицинска помош. Според TMZ, проблемите настанале при движење, а симптомите што ги имала, како што рекле докторите, се типични за постарите луѓе, а Хејли е многу млада, има само 25 години.

Извори блиски до познатиот пар изјавиле дека Хејли направила неколку тестови во болница за да потврди дека се работи за проблеми поврзани со корона вирусот.

Според странските медиуми, Хејли е пуштена од болница, но лекарите сѐ уште ја истражуваат причината за нејзините проблеми.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: