Хејли Бибер и Ким се луди по неа: Анастасија Ражнатовиќ има чудо од чанта, која ја носи маестрално (ФОТО)

Хејли Бибер и Ким се луди по неа: Анастасија Ражнатовиќ има чудо од чанта, која ја носи маестрално (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Популарната пејачка не штеди кога е модата во прашање, а сега покажа еден моден додаток кој е еден од најголемите хитови во последно време...

Анастасија Ражнатовиќ често имаме можност да ја гледаме во модни парчиња од престижните модни куќи, а кога станува збор за чанти обично изборот паѓа на моделите на „Шанел“. Меѓутоа, сега покажа чанта од модната куќа „Баленсијага“ која предизвика вистински бум изминатата година.

Пејачката позираше во лифт, а во прв план беше светлозелената, скоро минт чанта, моделот „Hourglass“, чија минимална цена изнесува 1.600 долари, а бидејќи Анастасија има модел со средна големина, најверојатно чантата чини и повеќе.

Таа овој моден додаток го искористи на прекрасен начин и ја разигра „all black“ модната комбинација, составена од црни панталони, маица и кожено сако, а тука е и црниот качкет и очила за сонце. 

Чантата „Hourglass“ е модно ремек дело со потпис на брендот Баленсијага, а е инспирирано од познатите елеци на Кристобал Баленсија од 50-тите, кои се карактеризираа со малку поизразена закривеност. Ваквата закривеност е една од клавните карактеристики на ова ретро парче, а како што вели „Вог“ влезе во самиот ДНК на Баленсијага. Актуелниот креативен директор на оваа модна куќа и прославена друзиска дизајнерка Демна Гвасалија одлично го искористи овој мотив на сосема нов начин и го искомбинира класичниот стил со свежи идеи.

Необичната чанта беше претставена во рамките на колекцијата за есен 2019 година, а може да се носи во рака, околу половината и на рамо. Достапна е во три големини и повеќе бои и дезени, а најпопуларни се моделите од крокодилска кожа.

Во изминатиот период ја видовме на многу познати дами, а помеѓу нив се Ким Кардашијан, Хејли Бибер, Трејси Елис Рос, Адут Акеч, Мајли Сајрус... Актерката Сара Џесика Паркер овој модел го носеше и на сет.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: