Хејли Бибер конечно одговори на обвинувањата дека ѝ го украла Џастин на Селена: Што кажа во своја одбрана?
Многумина ја обвинуваа за ова...
Од моментот кога Хејли и Џастин објавија дека се верени, обожавателите не им даваат мир. Хејли константно ја напаѓаат дека ѝ го украла Џастин на Селена, а дури неколку пати ја расплакаа на црвениот килим поради тоа.
Ситуацијата беше чудна. Селена и Џастин само што прекинаа, а неколку месеци потоа, тој веќе се имаше верено со Хејли. Многумина поради тоа помисија дека тука нешто не е во ред и дека Хејли и Џастин всушност се гледале додека тој уште бил во врска со Селена. Обожавателите не ја оставаат Хејли на мир поради тоа. Иако поминаа веќе 4 години од нивната венчавка, и понатаму ова не го забораваат и за разделбата помеѓу останатото ја обвинуваат Хејли. Сега за сето тоа проговори отворено и самата Хејли. Тие гласини кружат долго, а Хејли во подкастот „Call Her Daddy“ ја раскажа својата страна од приказната.
Кажа дека таа и Џастин ниту еднаш не направиле ништо додека тој бил во претходната врска, туку по разделбата, на почетокот на 2018 година. Додаде дека не е одгледана на тој начин и дека никогаш не би се гледала со некој кој бил во било каква врска, дека тоа едноставно не е она.
„Размислувам како би изгледало тоа од надвор, но ситуацијата беше таква што јас сигурно знаев дека вратата за нив (Селена и Џастин) е затворена. Секако, помеѓу нив постои долга историја и го почитувам тоа“ - раскажа Хејли. Тие продолжиле понатаму, не ѝ е јасно зошто не можат и другите.
Иако подкастот само што излезе, многумина веќе снимаат коментари и реакции, и ја обвинуваат Хејли дкеа изнела само уште неколку лаги. Сомнително им е и времето на нејзиното гостување и зошто токму сега одлучи да зборува за тоа, токму еден месец пред Селена Гомез да го објави документарецот за својот живот.
фото: Принтскрин / Инстаграм