Хејли Бибер одблизу и без филтер: Во новата објава покажа како лицето навистина ѝ изгледа (ФОТО)
Сѐ е дел од рекламата за нејзиниот бренд производи за нега на кожа...
За Хејли не е нешто непознато објавувањето на фотографии на кои го покажува својот природен изглед, но секогаш кожата ѝ изгледа пресовршено поради што изгледа дека користи барем малку шминка или става некој филтер. Сега објави како навистина изглед, и тоа одблиску.
Кога имаме фотографија од поголема оддалечност нема толку да дојдат до израз неправилностите на лицето, но кога е направена од близина како последната фотка на Хејли Бибер, се гледа сѐ. Веќе некое време се зборува за тоа дека работи на свој бренд за козметика, а сега и самата потврди дека ќе го лансира оваа година. Сѐ сјае од серумот кој го има ставено, но и одблиску покажа како лицето ѝ изгледа и дека не е толку совршено како што сите мислат. Иако нема некои поголеми неправилности, се гледа дека има мали пори и не изгледа толку мазно како на останатите фотографии.
Но, тоа не е никаков недостаток и кожата ѝ изгледа совршено, а без шминка особено доаѓаат до израз и нејзините пеги. Лицето ѝ изгледа здраво, иако како модел постојано мора да носи многу шминка.
Иако изгледа совршено, ваквите фотографии без филтер се навистина добредојдени, бидејќи со нив познатите личности на сите им покажуваат колку и да имаат убава кожа, сепак имаат пори и слични мали недостатоци кои инаку не се воочливи на другите фотографии.