Хејли Бибер одредени делови од телото стратешки ги покри со ружи: Најнежно издание за најстрашната ноќ во годината (ФОТО)
Никој не очекуваше ваква комбинација за Ноќта на вештерките...
И додека поголемиот број луѓе за Ноќта на вештерките настојуваат да се маскираат во нешто страшно - зомби, вештерки или вампири, Хејли Бибер одбра нешто поинаку и можеме да кажеме: „удри контра“.
На својот Инстаграм профил покажа дека овој пат одлучи за нејзин и сладок изглед. Во косата има венче од цвеќиња, а одредени делови од телото, стратешки ги покри со рози.
Во ова деликатно издание таа изгледа како божица на пролетта. Колекцијата на Ив Сен Лоран од далечната 1999 година ѝ послужи како инспирација. Тогаш во идентична цветна комбинација се прошета на модните писти и францускиот супермодел Летиција Каста.
И изборот на шминка е добро смислен. Румените образи, нежно розовите усни и маникирот со истата боја го заокружија целокупниот изглед.
фото: Принтскрин / Инстаграм