Хејли Бибер откри дека повеќе нема да ја гледаме на модните писти: Еве со што ќе се занимава сега

Хејли Бибер откри дека повеќе нема да ја гледаме на модните писти: Еве со што ќе се занимава сега

Објавена во: Мода // Moj стил

Еден настан променил сѐ...

Одеше по модните писти за најпознатите модни брендови на светот, но сега откри дека со тоа засекогаш завршила. Тоа поглавје од својот живот го оставила зад себе и сѐ заради еден настан, поточно лошо искуство кое ѝ се случило.

Хејли се прошета на модните писти за некои од најпознатите модни брендови, кои за многу девојки е остварување на животниот сон, како „Victoria's Secret“, но со тоа сега е готово. Откри дека модните писти ги остава зад себе и се насочува кон нови работи. Ѝ одеше толку добро, но што се случи? За новото издание на магазинот „Allure“ раскажа дека имала прилично негативно и трауматично искуство на еден кастинг.

Главниот човек кој ги бирал моделите на нејзиниот агент му кажал нешто што успеало да ѝ ја размрда самодовербата. Не можеме да веруваме дека нешто успеало да ја размрда самодовербата на Хејли Бибер. Таа не сакаше да открие за што станува збор, но доволно е тоа што вели дека засекогаш се збогувала со модните писти.

И порано ѝ се случувало на кастинзите да не ја сфаќаат сериозно и да ѝ зборуваат работи од типот дека не е вистински модел. И затоа вели дека сега завршила со таа приказна. И понатаму ќе биде на модната сцена, но не на овој начин. Освен тоа, Хејли сега има и нова занимација која ѝ одзема многу време, а тоа е нејзиното сопствеништво на козметичкиот бренд наречен „Rhode“, кој ќе биде лансиран во јуни оваа година.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: