Хејли Бибер покажа драстична промена во фризурата: Новата боја на коса ѝ стои предобро (ФОТО)

Хејли Бибер покажа драстична промена во фризурата: Новата боја на коса ѝ стои предобро (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Би требало почесто да ја практикува оваа боја...

Неодамна и Кендал ја имаше оваа боја на коса, но многу кратко, само за потребите на една модна ревија. Сега ја испроба и Хејли, а сите се изненадени колку добро ѝ стои.

Изгледа непрепознатливо! Хејли веќе со години има иста боја на коса. Некогаш ги менува нијансите и додава повеќе прамени или ги прави малку потемни, но секогаш тоа е истата кафено-руса боја. Сега направи нешто поинакво и покажа дека го може и тоа. Се внесе во расположението за Ноќта на вештерките и ја промени бојата на косата во црвена. Објави неколку фотки со таква боја на коса и мораме да признаеме дека изгледа одлично.

Бојата ѝ стои одлично, но за жал во прашње или е боја која се мие или перика. Најверојатно е дека Хејли не би ја променила бојата на коса толку драстично, па така оваа трансформација е или за потребите на некое снимање или само за забава, бидејќи се започнати подготовките за Ноќта на вештерките.

Потоа беше на некои настани и папараците ја уловија, а на фотките косата ѝ е кафена. Кратко време ја носеше црвената коса, но сигурно на многу девојки им даде идеја во каква боја може да ја исфарбаат косата, како и тоа дека покажа дека без проблем да се извлече нешто сосема поинакво.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: