Хејли Бибер повторно воодушеви со изборот на маникир: Нема сомнеж дека ќе стане есенски хит
Се чини дека Хејли едноставно не може да погреши со изборот на маникир
Сите го следат модниот избор на Хејли Бибер бидејќи таа веќе многу пати покажа дека навистина има стил и дека има прилично добри идеи, а летово стана популарна по својот маникир.
„Маникирот на Хејли Бибер“ беше најбаран ова лето, иако всушност не е ништо иновативно, туку млечно бели нокти со дополнителен сјај, и стана нејзин заштитен знак.
Сега кога летото заврши, Хејли не почести со нова идеја за маникир која без сомнение ќе стане исто толку популарна како и летната верзија. Всушност, ова се многу слични нокти со оние што ги носеше во лето, само што сега додаде малку есенски допир и наместо бела основа стави кафена.
@haileybieber I know we’re tired of my constant color switch up but… the chocolate glazed donut nails are really hitting for me for fall @zolaganzorigt original sound - jex
Есенската верзија изгледа одлично! Изгледа дека се согласуваат и нејзините следбеници.
Иако маникирот е нешто поедноставен и не изгледа лудо, го сакаат минималистите и оние кои сакаат да прават маникир што привлекува внимание. Ако сакате вашите нокти да изгледаат дополнително впечатливи, само направете ги подолги - и тие ќе изгледаат малку пофенси. Од друга страна, ако не го сакате тоа, овој маникир нека биде краток. Иако може да се носи секоја нијанса на кафена боја, чоколадната на Хејли е особено убава.
Извор: teen385.dnevnik.hr