Маникирот на Хејли Бибер можеш да го направиш и дома: Со само 6 чекори ќе имаш исти нокти како неа
На овој маникир никој не може да одолее...
Хејли Бибер го полуде светот со својот маникир. Токму поради тоа, овој маникир го доби името по неа.
Ако сакаш да имаш маникир како Хејли - можеш да го направиш и дома. Не ти треба козметички салон, ниту вештачки нокти за да го добиеш овој елегантен маникир. Потребно ти е само малку трпение, со оглед на тоа што треба да нанесеш неколку слоеви лак, кои треба да ги почекаш убаво да се исушат, но ако навистина го сакаш тоа, тогаш чекањето нема да ти претставува проблем. Освен трпение, потребни ти се и неколку други работи како светли нијанси на беж лак, проѕирен лак, „хајлајтер“ за лице и една четка.
# Измешајте ја беж бојата и проѕирниот лак
Некоја многу, многу светла и лесна беж боја на стаклена подлога измешај ја со проѕирен лак, кој инаку служи за сјај. Мораш добро да ги измешаш.
# Нанеси ги на ноктите
Таа смеса која ќе добиеш од беж и проѕирниот лак нанеси ја на ноктите и задолжително почекај подолго за лакот да се исуши добро.
# Секој нокт премачкај го со еден слој од проѕирниот лак
Откако ќе ти се исуши првиот слој, секој нокт повторно премачкај го со проѕирен лак, кој ќе спречи уништување на базата.
# На ноктите стави „хајлајтер“ со помош на четка
Сега ти е потребен бел „хајлајтер“ кој инаку се користи за лице. Ќе го нанесеш со четка која на врвот има сунѓер, а таа четка, нормално е наменета за нанесување на сенка за очи. Потоа со неа убаво втриј го „хајлајтерот“ на нотките, но само ако проѕирниот лак е добро исушен.
# Со четка отстрани го вишокот „хајлајтер“ од ноктите и прстите
Од „хајлајтерот“ најверојатно ќе имаш насекаде, и по твоите нокти, но и по твоите прсти, но вишокот можеш да го отстраниш со некоја чиста четка. Доколку остатокот „хајлајтер“ не се отстрани веднаш од кожата покрај ноктите, тоа може да го средиш со чепкалка за уши, која ќе ја потопиш во мицеларна вода и со неа ќе поминеш по работ на ноктите.
# Нанеси уште еден слој од проѕирниот лак
Откако сето тоа ќе го средиш и исчистиш, нанеси уште еден слоб од проѕирниот лак, кој воедно е и последен слој лак. Тоа ќе ти даде сјај каков што има Хејли.
фото: Принтскрин / Инстаграм