Хејли Бибер секогаш изгледа одлично: 6 мали модни трикови кои и вие можете да ги ископирате
Хејли има одличен стил и секогаш кога ќе ја фатат папараците на улица, таа не воодушевува со својата комбинација на облека. Ако ги погледнете нејзините комбинации, лесно можете да видите кои модни правила таа секогаш ги следи. А потоа лесно да ги ископирате.
Ова се нејзините мали модни трикови кои можат да ви помогнат да смислите аутфит за секој ден и за посебни прилики.
1.Спортска облека за секој ден
Блузони, дуксери, маици со широки ракави, велосипедски шорцеви, тренерки, обични бели маички... парчињата спортска облека се идеални за секој ден бидејќи се удобни и лесно може да се комбинираат со сè за да изгледаат малку покул и малку помалку спортски. Хејли често знае да облече спортски панталони и преголема кошула или тренерка и некој симпатичен кроп топ. Или дуксер во комбинација со „cargo“ панталони кои се голем хит.
2. Еден дел од аутфитот во ефектна боја
Да дојде до израз, а останатото во неутрални нијанси. Некогаш тоа е чанта, некогаш чевли, некогаш јакна, а некогаш маичка. Важно е само да биде едно парче. Така прави облеката за да не изгледа досадно, а сепак, не претерува со боите.
3. Комбинација oversized + многу тесно
Немојте да мислите дека ќе изгледате дебело во широки парчиња облека. Не е така. Само треба да знаете како добро да ги комбинирате. Главното правило до кое се држи Хејли е дека кога носи широко, нешто во аутфитот да е исто така тесно, па прави баланс. Тоа може да бидат широки панталони и маичка или широка маица и тесни хеланки.
4. Патики, патики, патики
Без разлика дали е лето, пролет, есен или зима, Хејли ја пречекува секоја сезона во нејзините „Nike' патики. А знаеме зошто. Тоа изгледа кул, и во исто време е толку удобно. Само ги менува боите на патиките. Секако, за посебни и попразнични пригоди носи штикли, но за секој ден во 90% од случаите е во патики.
5. За фенси настани, фустани со отсечок
Без разлика дали на грб, под градите или на друго место, Хејли обожава фустани со отсечок на различни места! Тие се тесни и ја покажуваат нејзината фигура и малку кожа, но на убав и пристоен начин.
6. И за крај СЕКОГАШ очила за сонце
Сакате да изгледате кул? Ставете ги очилата за сонце. Овој додаток понекогаш ќе ја издигне вашата облека и ќе биде токму она што ви треба. Тоа е само доказ колку модните додатоци можат да имаат големо влијание врз финалниот изглед.
Извор: teen385.dnevnik.hr