Хејли го прослави роденденот на патување: Опкружена со пријателите и сопругот кој ѝ посвети романтична објава (ФОТО)
Патувањето на некоја дестинација во странство е секогаш добра идеја за прославување на роденден...
За таа опција се одлучија и Хејли и нејзиниот сопруг Џастин. За да го прослават 26-от роденден на Хајли, тие заминаа на патување во земјата на изгрејсонцето.
Џастин сподели слатка објава на Инстаграм, на кои тие двајца ја истражуваат убавината на Јапонија. И двајцата се во апсолутно опуштени комбинации и модно усогласени, во удобни тренерки и со слатки капи на главите.
„Среќен роденден на моето омилено човечко суштество. Ти ми го правиш животот магичен. Јас сум опседнат со сè што е во врска со тебе. Те сакам“ - ѝ напиша романтичниот Џастин на својата сопруга.
Славеничката на одолеа да ужива во магијата на јапонската кујна, која главно се базира на риба и ориз. Така Џастин, објави фотографија од својата сопруга, Рајан Гуд, директорот на „Drew House“ и себе додека се на вечера, а пред нив има риба во xxl издание. Очигледно е дека овој улов ги фасцинирал, бидејќи под фотографијата стоеше коментарот од директорт: „Ова е најдоброто искуство во мојот живот, кога е јадењето во прашање“.
На оваа роденденска прослава им се придружија и пријателките на Кајли - Кендал Џенер и Џастин Скај. Така манекенката го прослави својот 26-ти роденден во далечна земја и опкружена со луѓето кои ги сака.
фото: Принтскрин / Инстаграм