Хејли на забава со друштвото: Облече мини фустан од 990 евра и ги покажа нозете (ВИДЕО)
Изгледа дека Хејли Бибер, која се најде на листата на Форбс за највлијателни млади претприемачи помлади од 30 години, реши ова да го прослави со својот сопруг Џастин Бибер и најдобрата пријателка Кендал.
Папараците ги уловија долгогодишните пријател пред еден ресторан во Малибу.
Манекенката и претприемачка ги покажа своите долги нозе во портокалов џемпер фустна, со спуштени ракави. Изгледот го надополни со лакирани чевли со платформа и бели чорапи. Сето тоа го заокружи со чанта во бебешко сина нијанса, од брендот „Bottega Venetа“.
Своето едноставно, но толку впечатливо модно издание го сподели со следбениците на Инстаграм стори.
Инаку, фустанот на Хејли е со потпис на дизајнерката Изабел Марант, а чини 990 евра.
фото: Принтскрин / Инстаграм