Хелена е ѕвезда на Инстаграм: Постарата ќерка на Јована Пајиќ и Сале Тропико порасна во вистинска убавица (ФОТО)

Хелена е ѕвезда на Инстаграм: Постарата ќерка на Јована Пајиќ и Сале Тропико порасна во вистинска убавица (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Постарата ќерка на Јована Пајиќ и Сале Тропико го има наследено најдоброто од двата родители...

Дека постарата ќерка на Јована и Сале е нешто посебно отсекогаш се знаеше. Гордата мајка во разговорите со медиумите знаеше да истакне дека нејзината миленичка Хелена е многу емотивна, нежна, одличен ученик, дека е перфекциониста, но исто така дека понекогаш е преемотивна и за разлика од помладата ќерка Ѓина, има помала самодоверба. За магазините, Јована зборуваше за сѐ освен за нереалната убавина на двете свои ќерки, кои со годините се сѐ послатки, сѐ повеќе потсетуваат на својата мајка и се вистински ѕвезди на нејзиниот Инстаграм профил.

Постарата ќерка личи и на својот татко, всушност го има наследено најдоброто од двата родители и уште сега привлекува вниамние каде и да се појави. Многумина коментираат дека за неколку години ќе ги крши срцата на своите врсници. Она што можеби е и поважно од нејзиниот изглед е тоа што Јована и Сале навистина вложуваат во нејзиното образование и потребата за пошироко знаење и можеби е подобро да се каже дека Хелена порасна во вистинска убава и паметна девојка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: