Хелси стана мајка: Пејачката на свет донесе момче

Хелси стана мајка: Пејачката на свет донесе момче

Објавена во: Совети // Семејство

Сите знаеме дека пејачката Хелси остана бремена од момчето, сценаристот, Алев Ајдин. За овааа вест дознавме преку нејзиниот личен Инстаграм профил на кој во јануари оваа година објави фотографии со трудничкото стомаче. Потоа, не почести со уште неколку фотографии, направени за време на бременоста, а во последната објава можеме да видиме дека конечно се породила и на свет донела момче

Под објавата напиша дека момчето по име Ендер Рајдлеј Ајдин е роден на 14 јули, а самиот чин на породување го опишува како редок и еуфоричен. Иста така, напиша и „Благдародност. Поддржано од љубов.“ На фотографијата можеме да видиме како ја носи емоцијата додека го држи новороденчето во рака и гледа во својот партнер, а на следната фотографија и како го дои бебето.

Хелси, во октомври 2020 година беше за првпат видена со овој турски сценарист, но гласините велат дека се забавуваат уште од јуни истата година, кога и направиле исти тетоважи.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: