Херој на денот: Мачка спаси бебе да не падне по скали

Херој на денот: Мачка спаси бебе да не падне по скали

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Доколку мислите дека мачките се себични и помалку злобни суштества, погледнете го видеото кое следува во продолжение и можеби ќе го промените мислењето...

Мачките многу често се окарактеризирани како себични суштества, но во некои ситуации ни докажуваат дека тоа не е ни близу до вистината. Една од тие ситуации е и кога мачката Гатубела спречила едногодишно бебе да падне по скали, пишува „New York Post“. На видеото од надзорните камери можеме да видиме како детето лази надвор од колевката, додека мачката седи недалеку од него и гледа што се случува во просторијата.

Откако мачката воочила дека бебето тргнува кон вратата која води до скалите, веднаш скокнала од своето место и со шепите почнала да го турка детето наназад. Оваа акција завршува успешно и бебето се вратило во сигурниот дел од просторијата.



Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: