Херој од Индија: Спаси дете од возот што доаѓал

Херој од Индија: Спаси дете од возот што доаѓал

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Видео од Индија брзо го заобиколи светот, а го прикажува херојот кој спаси дете од шините неколку секунди пред да дојде возот...

Мајур Шелки е сообраќаец, чиј храбар чин ги стопи срцата на луѓето ширум светот. Индиското Министерство го сподели видеото од надзорните камери кои го покажуваат спасувањето на 6 - годишното дете од шините, пишува „Her“.

Детето шетало со својата мајка на станицата Вангани во Централниот оддел за железници во Мумбаи. Во еден момент паднало на шините и било невозможно да се искачи назад до станицата, дури и со помош на мајката. Мајур притрчал во истата секунда и го кренал детето.


Сообраќаецот за весникот „Mid-Day“ изјави дека детето немало да преживее, односно намало да успее да се искачи ако не реагирал брзо: „Видов како детето паѓа на шините. Немаше време да размислувам и единствената цел ми беше да стигам до детето и да го спаси“ - рече тој.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: