Хит детали од животот на Ражнатовиќ во Тител: Богдана веќе планира трето дете (ФОТО)
Боксерот објаснува што сѐ може да прави таму, а во градот не...
Богдана и Вељко Ражнатовиќ во најновата епизода од „Цеца шоу“, ѝ покажаа на јавноста како живеат со синот Вељко во Тител. Боксерот нагласи дека таму има и свои мотори, но и разни други извори за забава. Во многу работи кои не му се достапни во градот ужива таму.
„Го мразам градот. Каде можеш да го правиш ова во град?“ - искоментира наследникот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, додека се возеше по огромната нива.
Од друга страна, малиот Жељко, не ја тргнува насмевката од лицето, играјќи си во дворот на семејната куќа.
На него цело време внимава неговата повторно бремена мајка Богдана, која веќе планира и трето дете со Вељко.
Двојката моментално очекува уште едно момче, на кое планираат да му го дадат името Крстан. Кога ќе дојде и третата принова на ред, младата госпоѓа Ражнатовиќ признава дека би сакала да роди девојче.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб