Хит на ТикТок: Видеото од мачката која пее го погледнале повеќе од 45 милиони луѓе (ВИДЕО)
На ТикТок се шири урнебесно видео од мачка која пее, а некои тврдат дека всушност го говори познатиот звук „Yabadabadoo“ од Флинтстонови.
Виралното видео има повеќе од 45 милиони прегледи, 5,6 милиони лајкови и повеќе од 75.000 коментари. Некои забележале дека мачката е вознемирена, а тоа го потврди и сопственичката и потврди додавајќи дека го снимила моментот во кој мачката ја запознала својата нова цимерка, уште една вдомена мачка.
@cloud9pethotel Yabadabadooooo!! #catsoftiktok #cats #kittens #angrycat #funnycat. #pets #petsoftiktok Lets Meow Together - Afra Al-Dhaheri
На ТикТок започна расправа за тоа што пее симпатичната мачка, а не недостасуваа ниту смешните коментари.
„Тоа е Ферџи, ја пее американската химна“, „Сѐ што слушам е по ѓаволите, по ѓаволите, по ѓаволите“ и „Мачката вели „Yo Gaba Gaba““ - се само некои од коментарите, додека еден ТикТокер прашал: „Кога излегува албумот?“.
фото: Принтскрин / ТикТок