Хит помфрит од половина метар: Многумина го обожаваат, но како се прави?
Не постои компир кој кога ќе се исече на парчиња, дава помфрит долг половина метар. Затоа готвачите смислија како да го постигнат тоа.
Стапчињата помфрит долги и до половина метар се апсолутен хит во Јапонија.
Она за што целиот свет се интересира е како се прави?
Финтата е во тоа што овој помфрит се прави од пире од компири, кој се обликува во топчиња, а потоа се става директно во врело масло преку специјална машина. Оние кои го пробале, велат дека е уште повкусен од класичниот помфрит.
Погледнете како се прави „најдолгиот помфрит на светот“: