Хит видео од малиот Жељко од зоолошка градина: Со своите лудории ги насмеаа сите (ВИДЕО)

Хит видео од малиот Жељко од зоолошка градина: Со своите лудории ги насмеаа сите (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Вељко со следбениците на Инстаграм ги сподели лудориите на својот наследник...

Боксерот Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана се трудат на наследникот Жељко да му обезбедат детство од бајките. Освен запознавањето со машините кои се користат во земјоделието, игрите во сено, сега родителите го однесоа и во зоолошка градина, а видеата од неговите лудории ги насмеаја сите корисниците на Инстаграм.

Вељко прво го снимил наследникот додека си игра во паркот, додека јава дрвено коњче, а кога здогледал две кози кои лежат на тревата, тој решил да им пријде и да си поигра со нив. Ова видео ги насмеа сите следбеници на боксерот, а гордите родители уживаа додека ги гледаа лудориите на наследникот.


Инаку, семејството Ражнатовиќ наскоро ќе стане побогато за уште еден член. Богдана и Вељко неодамна споделија со јавноста дека очекуваат уште еден син, на кој ќе му го дадат името Крстан.

„Да, секако дека ќе биде Крстан. Зошто би го менувал името?! Ако имам и трет син, ќе се вика Лазар. Сите ќе бидат српски имиња. На кој не му се допаѓа нека го смени каналот“ - раскажа Ражнатовиќ со широка насмевка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: