H&M Move заедно со Златан Ибрахимовиќ го повикуваат светот на движење

H&M Move заедно со Златан Ибрахимовиќ го повикуваат светот на движење

Објавена во: После „Школо“ // PR

Со голема возбуда му посакуваме добредојде на Златан Ибрахимовиќ во тимот на H&M Move. Светски познатиот шведски фудбалер ќе му се придружи на брендот во иницијативата за придвижување на светот преку демократизирање на спортот. Златан ја започнува својата долгорочна соработка со H&M Move како глобален бренд амбасадор со кампања која ќе започне во пролетта 2023 година.

Златан Ибрахимовиќ е еден од најголемите напаѓачи на сите времиња и има играно во сите најголеми светски фудбалски лиги. По повеќе од 20 години во професионалната кариера, Златан и ден денес е дел од нападот на италијанскиот шампион Милан и е најдобар стрелец на сите времиња во шведската репрезентација. Но, тој е исто така и татко, планинар, кој зборува пет јазици и има неверојатна страст за таеквондо. Златан е секогаш активен и голем љубител на спортот и движењето.

„Често се чувствувам како да бев оневозможен да се движам како останатите додека растев. Момчињата и девојчињата кои растат во слични услови како мене треба да можат да ја носат облеката која ја носат професионалните спортисти. А H&M се залага токму за тоа. Силно верувам во мисијата на брендот со која сака да им даде шанса на сите да се движат како професионалци. Бидејќи движењето дефинитивно го промени мојот живот“.

Златан Ибрахимовиќ, професионален фудбалер и бренд амбасадор во иницијативата H&M Move.

За да му посака добредојде на Златан во тимот на H&M Move, уште една бренд амбасадорка, актерката Џејн Фонда му понуди мала лекција за тоа како да се одржи фит. Во филмот, добитничката на Оскар, активист и фитнес икона се наоѓа во улога на инструктор и го охрабрува Златан да ги направи некои од нејзините легендарни движења. Но, дали Златан ќе ги послуша нејзините инструкции?

*ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ ТУКА*

*ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ИНТЕРВЈУТО СО ЗЛАТАН ТУКА*

Во склоп на иницијативата H&M Move и мисијата на Златан да го натера целиот свет да се движи, претходно месецов брендот ѝ посака добредојде на Диана Амини како Раководител на општествената програмата за движење. Таа со себе носи богато искуство од непрофитниот сектор, вклучувајќи и 7 години како Глобален менаџер на H&M Фондацијата. Диана ќе помогне да се воспостави глобална иницијатива која работи одблизу со заедници кои се соочуваат со големи предизвици во нивните можности за движење и спортување. Таа ќе работи со тим составен од експерти и лидери на мислата – меѓу кои и бренд амбасадорите – кои ќе придонесат со својата непроценлива експертиза од нивните соодветни полиња.

„Отстранување на бариерите во спортот всушност она на кое се темели намената на H&M Move. Повеќе од возбудена сум што добивам шанса да предводам динамичен глобален тим и да работам заедно со нив на нови и иновативни начини преку кои ќе се обидеме да најдеме начин да направиме позитивна промена во светот. Нашиот прв чекор во ова движење е фокусиран на децата кои имаат пречки да земат учество во активно движење и спортување. Потоа, постепено ќе го прошируваме кругот на активности за да ги повикаме сите да се движат“.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: