Хорор филмови со близнаци: Кога дозата страв ќе се удвои и изгледа идентично (ВИДЕО)

Хорор филмови со близнаци: Кога дозата страв ќе се удвои и изгледа идентично (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Ова е листа на некои од најстрашните филмови во кои се појавуваат близнаци или близначки...

Хорор филмовите самите по себе се страшни, а уште пострашни се кога во нив се појавуваат во пар две скоро па идентични битија кое се подготвени да прават морничави работи.

Има нешто во близнаците што им дава потенцијал за добри хорор пријазни. Нивната неверојатна сличност, фактот дека практично не се разликуваат и дека се длабоко поврзани, се дел од елементите кои може да се искористат во драматичните филмски цели.

Ви носиме листа на некои од најстрашните филмови во кои се појавуваат близнаци:

# The Shining

Во филмот на режисерот Стенли Кјубрик, заснован на истоимениот роман на Стивен Кинг, се појавуваат близнаците Грејди, кои некогаш им влеваа страв во коските на многу луѓе.


# Solstice

Млада девојка открива вознемирувачка тајна за својата сестра близначка која се самоубива пред само неколку месеци. Вечерта пред презникот на свети Јован, главната хероина патува со пријателите во семејната куќа во Новел Лејк за да ја прослави летната краткоденица. Таму ќе се соочи со застрашувачки натприродни појави.


# Constantine

Џон Константин буквално бил во пеколот и назад. Кога тој се здружува со полицајка за да го реши мистериозното убиство на нејзината сестра близначка, нивната истрага води низ светот на демони и ангели што постои под пејзажот на денешен Лос Анџелес.


# Goodnight Mommy

Морничавите близнаци Елијас и Лукас Шварц на почетокот изгледаат како добро воспитани момчиња. Кога нивната мајка доаѓа дома со завои по операцијата на лицето, на близнаците изгледа непрепознатливо, па почнуваат да мислат дека е измамник. Нема да застанат пред ништо за да ја натераат мајка им да признае дека е некој друг.


# Basket Case

Филмот го следи главниот лик Дуан Бредли, човек кој бара одмазда за операцијата против негова волја, која го одвои од неговиот болен сијамски брат близнак Белиал, кого сега го крие во кошница.


# House of Wax

Ова е хорор поради кој можеби повеќе нема да се осмелите да прифатите помош од странец. Еден од најморничавите делови во филмот се близнаците Бо и Винсент Синклер, а кои и двајцата ги глуми Брајан Ван Холт.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: