ХОРОСКОП: На овие знаци ќе им биде скршено срцето пред Нова година
Хороскопот најавува дека на овие знаци ќе им биде скршено срцето пред Нова година и дека нималку нема да им биде до славење и веселба.
Овен
Како најимпулсивен знак Овенот е склон кон брзи реакции и одлуки заради кои подоцна се кае. Последниот викенд во 2018 година за Овните носи големи можности за иритација и нервоза особено во врските и браковите. Најважно е да не реагирате избрзано и непромислено.
Рак
За Раковите ова е исклучително тежок период заради Сатурн во знакот на Јарец и Полната месечина. Пречувствителни се и очекуваат многу повеќе внимание и токму затоа се неподносливи. За баланс во врската најважно е да се има добра комуникација.
Јарец
Полната месечина во знакот на Ракот носи можности за брзи и неадекватни реакции. Многу од припадниците на овој знак ќе мислат дека се` е против нив и дека никој не ги разбира. Треба да ги исконтролирате емоциите, но не на вообичаениот начин, тику со ладна глава и со покажување на вистински чувства.