ХОРОСКОП на преиспитување: Крајот на февруари за 6 знаци многу поволен

ХОРОСКОП на преиспитување: Крајот на февруари за 6 знаци многу поволен

Овен

Планетите се на ваша страна и ќе ви дадат сила и незапирлива моќ да ги остварите зацртаните планови. Периодов значи дека знаете точно што сакате, и сето тоа ви носи голема мотивација и способност да направите нови планови и да започнете нови проекти. Дојдовте до точката на вашето лично преиспитување, што значи дека одредени нешта полека доаѓаат до крајот, а други се на самиот зачеток. Извлечете го максимумот од секоја ситуација.

Бик

Периодот ќе донесе повеќе суштествени прашања. Дали околината во која живеете придонесува за вашиот личен раст и развој? Дали сте среќни онаму каде што се наоѓате? Дали од местото на живеење можете да извлечете доволна емоционална потпора? И за вас, домот ќе биде совршеното засолниште. Можеби ќе размислувате за одреден домашен бизнис или пак ќе планирате некакви реновирања на делови од куќата или станот.

Близнаци

Вашиот знак секогаш е во тек со настаните, бидејќи имате вечна љубопитност за животот и секогаш сте во потрага по нови идеи.Периодов, планетите ви претскажуваат подобрена комуникација и вмрежување, како и дополнителна едукација. Како последица на тоа можно е да бидете позафатени од вообичаено, со состаноци, зачестени средби со потенцијални соработници.

Рак

Периодов најповолен за вашиот знак и оние кои планираат романтични настани, одмори или се инспирирани уметници. Оптималните услови за вашите планови постојат на самиот почеток на месецот и потоа повторно на самиот крај. Може да дојде до промена на условите во врските или дури и до преиспитување на личните вредности. Она што ви било ветено претходно, сега започнува полека да се остварува.

Лав

Луѓето родени во овој знак ќе имаат успешни подвизи на личен и љубовен план. Најудобно ќе ви биде во домот, каде што ќе можете да избегате од сите притисоци на општеството и работата. Затоа, размислете да додадете уметнички и имагинативни детали во просторот во кој живеете, со што ќе создадете покреативна атмосфера. На тој начин ќе успеете да бидете поопуштени и поспонатини, особено кога станува збор за врските.

Девица

Сите нешта имаат почеток и крај. Животот има постојани бранови и циклуси на креација и деструкција. За вас, ова е време за обнова. Запрашајте се што сакате да оставите зад себе и во кој дел од животот ви се потребни нови нешта. Универзумот ги поддржува вашите желби. Се соочува со скриените делови од животот, потсвесните мотиви и тајните желби. Внатрешното знаење е тоа што ќе ве одведе до духовно проширување и развој.

Вага

Ќе бидете мотивирани и ќе имате поголема способност за наметнување овој период. Од помрзливите луѓе што се родени во овој знак, планетите бараат зголемена активност и побрз животен стил. Потребно ви е потсетување на чувството на одгворност кое можеби сте го загубиле попатно. Ќе научите важни животни лекции во овој период, но потрудете се да не преземате туѓ товар на својот грб.

Шкорпија

Периодот ќе донесе потенцирање на целите во кариерата, јавни признанија и наметнување на авторитетот. Колку ќе можете да го држите кормилото насочено во вистинскиот правец, во голема мера зависи и од луѓето со кои сте опкружени, како и од условите во животот. Исто така,  време е кога треба да се запрашате дали го правите она што сакате да го правите или пак е редно да направите повторна проценка на приоритетите.

Стрелец

Овој период за вас може да биде многу продуктивен, доколку одберете соодветна работна етика и вложите голем напор во она со коешто сте се зафатиле. Најважно е добро да се организирате. Работете ги работите чекор по чекор. Испланирајте ги нештата до најситниот детаљ. Големите проекти расцепкајте ги на поситни задачи со кои полесно ќе можете да се справите. Живејте според максимата – и најдолгиот пат започнува со еден чекор.

Јарец

Енергијата околу вас постојано се менува и тоа е во фокусот на луѓето што ве опкружуваат. Тоа ќе ви донесе нови врски и поголемо споделување со вашите пријатели. Може да дојде до привремен застој по однос на некое финансиско прашање или пак ќе бидете присилени да се преиспитате по однос на заедничките интереси или заедничкиот имот. Можно е и да пронајдете нови начини како полесно да дојдете до финансиски средства и ресурси потребни за работа.

Водолија

Периодов е како создаден за  преиспитување. Можно е да се работи за нешта поврзани со љубовните врски, но можно е да се појават и потешкотии во бизнис-комуникацијата. Веќе ќе добиете поттик на енергија во речиси сите полиња и нештата ќе започнат да ви одат во полза. Тоа е вистинското време за делување. Ќе ви стане кристално јасно кој ве поддржува, а кој оди против вас. Но, не ги отпишувајте сите луѓе – дајте им втора шанса на оние што се сложни на промени.

Риби

Совршено време за да ја најдете љубовта на својот живот, но и да ги зацврстите постојните врски. Отворени ви се вратите за краткотрајни и долгорочни љубови – изборот е ваш. Ако преземате некакви активности поврзани со едукација или пак заминете на патување, тоа може да ви донесе вредни, нови пријателства и контакти, што ќе ви послужат во понатамошниот живот. Вие ќе бидете поотворени за нови културни влијанија, запознавање нови луѓе, со поинакво минато и културно наследство од вашето. 

Можеби ќе ве интересира: