ХОРОСКОП: Овие хороскопски знаци се родени едни за други

ХОРОСКОП: Овие хороскопски знаци се родени едни за други

Секој знак има знаци со кои може да биде компатибилен и совршено да функционира во врска.

Лав и Водолија

Бунтовниот дух го воодушевува Лавот, а Водолијата е импресионирана од неговата харизма. Ниту еден од нив нема лесно да ја препушти доминацијата на другиот. Лавот најмногу се интересира за себе, додека Водолијата сака да истражува и ја интересира остатокот од светот. Водолијата во Лавот ќе најде доволно интересен материјал што ќе ја задржи заедно со него. Како и секоја друга комбинација од спротивни знаци, така и оваа може еднакво да заврши со изразено среќна врска или со целосна катастрофа.

Рак и Јарец

Ова е одлична комбинација. Тврдоглавиот, амбициозен Јарец одлично ќе се надополнува со Ракот, кој понекогаш и премногу сака да мечтае. Со текот на времето, овие два знака изнаоѓаат заеднички јазик и лесно ќе го усогласат ритамот во заедничкиот живот. И двата знаци се штедливи и внимателни во заработувањето и трошењето пари, па од таа страна тешко е да се очекуваат какви било несогласувања. Верни се, не се склони кон флерт и забранети излети настрана. Тие наоѓаат задоволство во малите животни радости.

Овен и Вага

Помеѓу овие два знаци постои силна привлечност, затоа што толку многу се спротивни и едниот знак го пружа она што на другиот му недостига. Проблемот настанува кога Овенот станува премногу нетрпелив. Овните не размислуваат доволно, тргнуваат во акција, а потоа брзо почнуваат да се интересираат за нешто друго. Вагата тогаш може да се откаже од се и да побара некој постабилен. Овенот од друга страна би можел да побара некој што ќе го гледа со повеќе воодушевување, затоа што тоа е она што нему му треба. Врската помеѓу овие два знака е возможна, но ако се заснова само на физичка привлечност, тогаш ќе биде со краток век.


Можеби ќе ве интересира: