ХОРОСКОП: Подгответе ги пуканките – следи идеален божиќен филм за секој хороскопски знак!

ХОРОСКОП: Подгответе ги пуканките – следи идеален божиќен филм за секој хороскопски знак!

Објавена во: Филм, Месечен хороскоп

Празничната магија започна со украсувањето, но и со подготвувањето на новогодишните плејлисити и списоци со филмови кои задолжително се гледаат овој период од годината.

Секој хороскопски знак има свој идеален филм и колку ова и да ти звучи неверојатно, сепак е можно ѕвездите да сугерираат филм кој е совршен за тебе. Токму затоа ќе ти откриеме според Зодијакот кој божиќен филм би требало да го погледаш овој период од годината. На листата се најпознатите филмови со празнична тематика кои на сите ни се добро познати.

ОВЕН - A Christmas Story (1983)

На Овните во животот секогаш им требаат изненадувања и помалку опасни ситуации, а токму тоа го нуди и овој филм со кој лудо ќе се забавуваат.

БИК The Polar Express (2004)

Фантастичен авантуристички, анимиран филм кој нуди одлична забава за Биковите. Тие се широкогради луѓе, а со овој филм ќе добијат можност да откријат работи за себе што не ги знаеле.

БЛИЗНАЦИ - The Princess Switch (2018)

Близнаците ќе уживаат во овогодинешната најнова романтична комедија на Нетфликс. Приказната е како создзадена за овој знак - замена на улогите меѓу принцеза и пекарка.

РАК Love Actually (2003)

Раковите цела зима би ја прележале под ќебе и би гледале романтични комедии, токму затоа за нив совршен филм е `Love Actually`, кој истовремено ќе ги насмее и расплаче.


ЛАВ  - Elf (2003) 

Лавовите најмногу ќе се забавуваат со веселиот и разигран Елф со големо срце. Во овој филм најдобро ќе уживаат со многу грицки и најтоплото ќебе во домот.


ДЕВИЦА -  It's a Wonderful Life (1946)

Девиците постојано сакаат да научат нешто од филмовите што ги гледаат, токму затоа ова е идеален филм за нив. Тие се стремат кон перфекција и лесно ќе се поистоветат со главниот лик.

ВАГА - The Holiday (2006)

Вагите се забавни и заводливи исто како и овој филм. Филм исполнет со авантури, романси и неочекувани љубови е токму она што им е потребно на припадниците на овој знак.

СКОРПИЈА - How the Grinch Stole Christmas (2000)

Празниците во очите на Скорпиите не се потполни без Гринч. Скорпиите се водат до мислата дека доброто секогаш го победува злото токму затоа ова е совршен филм за нив.

СТРЕЛЕЦ - The Santa Clause (1994)

Родените во овој знак се весели и со отворени срца, дарежливи се и подготвени за големи авантури, исто како и Дедо Мраз во овој филм.

ЈАРЕЦ - Home Alone (1990)

Јарците се практични, снаодливи и внимателни исто како Кевин во легендарниот филм „Сам дома“. За среќа Јарците во својот идеален филм според хороскопот може да уживаат секоја година за време на празниците.


ВОДОЛИЈА - The Nightmare Before Christmas (1993)

Водолиите сакаат изненадувања и непредвидливи ситуации токму онакви какви што има во овој филм. Празниците за Водолиите се неконванционални исто како и изборот на филмови. Овој филм е токму тоа што им е потребно.


РИБИ - A Christmas Prince (2017)

Овој филм е како создаден за романтишните дуѓи на Рибите. Рибите веруваат во чуда па ќе се разнежнат уште при гледањето на трејлерот за овој филм.


Објавена во: Филм, Месечен хороскоп

Можеби ќе ве интересира: