МАРТ носи среќа во игрите на среќа и патувања за неколку знаци

МАРТ носи среќа во игрите на среќа и патувања за неколку знаци

Овен

Вашата способност за брзо да реагирате во изненадни ситуации во овој период ќе дојде до израз. Нема да ве обесхрабрува ниту малиот буџет, а ни неочекуваните критики од надредените. Успешно ќе се изборите и за дополнителна заработка и за својот углед.

Бик

Размислувате за со некоја вонредна или дополнителна работа да ја поправите својата финансиска ситуација, која, подобро кажано не е сериозно загрозена. Вие сте ентузијаст само кога се наоѓате во некој проблем. Бидејќи сегашниот проблем не е сериозен, прашање е дали ќе направите повеќе отколку што треба.

Близнаци

Со март доаѓа времето погодно за одлуки. По неодлучноста која ве зафати кон крајот на минатиот месец, сега ќе може конструктивно да се определите за претстојните цели.

Рак

Имате некои работи за кои се плашите како ќе завршат. Доколку се случи промашување, знајте дека и вие припаѓате на групата луѓе кои грешат. Затоа пред се добро анализирајте ги сите аспекти доколку се одлучите да влезете во одредена работа.

Лав

Водени од својот предводнички инстикт ќе се вмешате во некои професионални несогласувања, обидувајќи се преку авторитет да ја решите ситуацијата. Тоа ќе биде грешка која колегите нема лесно да ви ја простат, особено доколку сте жена.

Девица

Поради вашата деловна рационалност и економичност сметате дека игрите на среќа се само фрлање на пари. Доколку овој месец го промените мислењето, ќе имате големи шанси за сериозна добивка.

Вага

Првите плодови по успешно завршената работа ги набравте кон крајот на минатиот месец. Сега ве очекува завршната берба на признанија и  награди и секако, поправка на домашниот буџет.

Шкорпија

Шкорпиите сакаат кратки авантури, а вие не сте исклучок по тоа прашање. Ќе имате можност да бидете неверни. Предизвикот ќе ви биде голем, па вашата одлука е неизвесна. Се е можно и се е под знак прашалник.

Стрелец

Пријателите од вас очекуваат да се ангажирате околу некоја прослава. Вие тоа умеете добро да го направите, па тогаш исполнете им ја желбата. Особено што периодов имате време.

Јарец

Постепено ќе се враќате на своите стари наивки и расположенија. На луѓето родени во знакот на Јарец инаку им се препишуваат меланхолијата и депресивноста, но и упорноста поткрепена со трпението. Ќе имате драги спомени.

Водолија

Ќе бидете во својот амбиент и ќе се чувствувате прекрасно. Ќе ви се укаже можност да помогнете на пријател или пријателка во невоља поради проблеми на работа.

Риби

Некој ќе ви го врати долго заборавениот долг. Тоа посебно ќе ве орсположи. Можно е дека во овој месец ќе одите на некој краток пат, најверојатно деловно.

Можеби ќе ве интересира: