Храбра комбинација на Бела Хадид: Бели чорапи и влечки, со елегантна црна чанта
Познатата манекенка слета во Милано, каде прво направи задолжителен Ковид тест...
Американската манекенка Бела Хадид беше фотографирана по слетувањето на аеродромот во Милано.
Иако на фотографиите е скоро непрепознатлива, бидејќи лицето го има максимално прекриено со очила за сонце, качкет и заштитна маска, папараците ја уловија. Веројатно во очи прво им паднала несекојдневната комбинација на манекенката. Таа за оваа прилика е лежерно облечена, но покрај сино - зелената јакна и обичните фармерки, на нозете носи бели чорапи и влечки, додека држеше голема црна елегантна чанта.
Со оглед на тоа дека е задолжителен тестот за Ковид - 19 по влегувањето во скоро секоја држава, Бела веднаш се упати во делот кој е задолжен за тестирање на патниците. Таа во центарот за тестирање на аеродромот во Милано го чекаше својот ред, а потоа се упати понатаму.
фото: Profimedia