Храбри, бестрашни и свои: Десет жени што го променија светот

Храбри, бестрашни и свои: Десет жени што го променија светот

Светот илјадници години се водел според еден социјален дизајн. Неговите граници и линии тешко се подместуваат, но постојат тие на чиј грб тежината на самиот свет може да се мрдне. Меѓу нив се жените чија храброст, интуиција, интелигенција, делување и доблест креираат сопствена гравитација која ги привлекува сите кон остварување на нивните соништа. Тие се лидерите на промената.

1. Ана Франк

Ана Франк е млада еврејка која била приморена да се крие за време на Холокаустот во Нацистичка Германија. Преку нејзиниот познат дневник таа го документирала својот живот од 13 до 15 години и го отворила прозорот за сите кои не можеле да ги видат злосторствата во Втората светска војна.

2. Соџернер Трут

Соџорнер Трут била активист за правата на жените. Таа е позната по својот говор „Не сум ли јас жена“, во кој повикува на еднаквост за сите жени, вклучувајќи ги и афро-американките. Трут била родена во ропоство, но избегала со својата ќерка, го променила имети и се прекрстила.

3. Јусра Мардини

Јусра Мардини е 19 годишна пливачка која избегала од Сирија со својата сестра по уништувањето на нивната куќа во граѓанската војна. Кога моторот на нивниот чамец престанал да работа, таа скокнала во водата и го туркала чамецот полн луѓе цели 3 саати додека да стигнат на копно. Таа подоцна тренирала и учествувала на Олимпијадата во 2016-та година.

4. Амелија Ерхарт

Амелија Ерхарт била првата жена која го прелетала Атлантскиот океан сама. Таа поставила многу рекорди во авијацијата и со многу работа ја здобила почитта од нејзините колеги, кои биле мажи. Ерхарт била амбасадор на еднаквоста на жените, и инспирарала многу од нив да ги следат нејзините чекори правејќи ја Амелија безвремен симбол.

5. Џоан Лиу

Џоан Лиу моментално е претседател на Доктори без граници, една од најпочитуваните организации во светот. Таа има работено со бегалци, има поддржано заедници погодени од природни катастрофи, и има организирано повеќе програми за медицинска помош на жртви од сексуално насилство. Лиу го развила проектот за телемедицина, кој помогнал во обучувањето на специјалисти во тешко пристапни локации во целиот свет.

6. Касандра Де Пекол

Касандра Де Пекол е американка со Гинисов рекорд за прва личност која за најбрзо време има прпатувано во сите суверени нации во светот. За време на нејзините патувања, таа била амбасадор на мирот за Меѓународниот институт за мир преку туризам, и е хуманист и голем активист за заштита на животната средина.

Симон де Бовоар со Жан пол Сартр и Че Гевара

7. Симон де Бовоар

Симон де Бовоар е француски филозоф и е позната по својата книга „Вториот пол“. Во неа таа ја разгледува опресијата на женственоста низ историјата, и таму се повикува на идејата за полова разлика за прв пат. Многумина ја почитуваат книгата како темел на модерниот феминизам.

8. Вангари Маатаи

Вангари Маатаи е првата Африканка и првата ативистка за заштита на животната средина која ја добила Нобеловата награда за мир. Таа го започнала движењето „Зелениот појас“, како еко-феминистичка организација која посадувала дрва, се борела против де-форестацијата, и овозможувала ресурси за жените од рурална Кенија. Таа е моќен амбасадор за заштита на животната средина како и правата на жените и демократијата.

9. Малала Јусуфзаи

Малала Јусуфзаи е млада активистка Пакистан која е позната по нејзината пожртвуваност за зголемување на женската едукација, посебно во нејзиното село каде Талибанците не дозволувале девојчињата да одат на училиште. Малала преживеала обид за убиство од Талибанците на 15 години. Таа повторно се вратила дома како активист и е најмладиот добитник на Нобелова награда за мир во историјата.

10. Худа Шаарави

Худа Шаарави била лидер на феминистичко движење во Египет. Таа организирала јавни предавања и други академски предавања за жените од Египет во својот дом. Полека со секое свое делување таа создала организација за поддршка на сиромавите жени од Египет. Во 1923 година, таа го тргнала својот вел во јавноста, и со тоа го направила еден од најпознатите симболи во историјата на феминизмот.


Можеби ќе ве интересира: