Хрватка од Леверкузен: Тоа беше силна експлозија, ме потсети на воениот период

Хрватка од Леверкузен: Тоа беше силна експлозија, ме потсети на воениот период

Објавена во: Живот // Живот

Раскажува дека ситуацијата во Леверкузен моментално е хаотична и дека има многу повредени работници во фабриката „Bayer“...

„Тоа беше силна експлозија, сите прозорци се тресеа. Ме потсети на воениот период“ - опиша Матија Шкориќ, Хрватка која живее во Леверкузен, каде силна експлозија се случи вчера во индустриската зона, на само десет километри од нејзиниот дом.

Таа за RTL.hr изјави дека била дома во моментот на експлозијата. „Имаше силна експлозија, видовме облак од чад и моравме веднаш да ги затвориме прозорците затоа што не знаевме што има во тој чад и во воздухот. Сè уште треба да останеме во нашите куќи. Тие мислат дека можеби ќе има уште една експлозија со оглед на пожарот“ - истакна Скориќ.

Таа вели дека ситуацијата во Леверкузен во моментов е хаотична и дека има многу повредени работници во фабриката „Баер“. „Засега, сѐ уште чекаме дополнителни информации, но се надеваме дека сѐ ќе биде во ред“ - заклучува таа.

фото: Wochit

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: