Хрватски модни инфлуенсерки кои имаат најдобар стил: Овие 7 профили на Инстаграм треба да ги знаеш (ФОТО)
На нивните профили секогаш ќе можеш да најдеш модна инспирација...
Кога не знаеме што да носиме или како да носиме, инспирација бараме на Инстаграм. Инфлуенсерките ни даваат супер идеи! И тоа не само странските, туку и нашите и оние од регионот.
Љубителките на модата редовно на Инстаграм ги проверуваат инфлуенсерките кога се во потрага по модна инспирација. И некои од нив имаат навистина добар стил, што објавите на нивните профили секогаш не испирираат фармерките и маиците да ги замениме со нешто поразлично и да создадеме малку посложена модна инспирација.
Денес ќе ви претставиме седум кои доаѓаат од Хрватска и кои се издвоија на тамошната сцена и сега се ултра популарни. Можеш да ги погледнеш и нивните профили кога не знаеш што да облечеш или како да ги искомбинираш новите трендови.
# @august_xvi - Памела Баџек
Моден ентузијаст чиј Инстаграм профил е вистинска оаза на содржини за сите љубители на модата. Нејзините модни комбинации се секогаш во чекор со модните трендови, а таа ги носи толку добро. Овие денови, дури лансираше и сопствен бренд за облека.
# @ormarija - Марија Никшиќ
Секогаш е во некои слатки фустани! Со задоволство би ги купиле сите кога ги гледаме на неа. Марија и нејзиниот посебен стил нѐ освоија на прва, а секогаш има и супер идеи за фотографии. На нејзиниот профил никогаш не е здодевно.
# @slakipalaki - Слаѓана
Сите ги обожуваат нејзините шарени комбинации кои редовно ги објавува. Ако не знаеш како да ги носиш боите, таа ќе ти покаже дека тоа воопшто не е тешко. Освен што се заљубени во нејзиниот моден стил, обожавателите секогаш се радуваат кога на некоја фотка ќе се појави нејзиното слатко куче.
# @vule2209 - Мартина Вулетиќ
Таа се прослави на ТикТок и е всушност танчерка, но Мартина има и многу добар стил кој не смее да се занемари. Сите комбинации ѝ се одлични и се нешто што секоја девојка со задоволство би го носела. Има подеднакво добри секојдневни комбинации, но и малку поелегантни.
# @dorica505 - Дора Предојевиќ
Тука е и Дора, уште една девојка која долги години има многу обожаватели. Модните парчиња што ги носи се секогаш во тренд, а доколку не знаеме дека е од Хрватска и случајно да наидеме на нејзиниот профил, би помислиле дека е некоја инфлуенсерка од Америка.
# @xoxosonjakovac - Соња Ковач
Кога се зборува за модата и хрватските инфлуенсерки, Соња Ковач е име кое не смее да се заобиколи. Нејзиниот стил е на некое сосема поинакво ниво. Скоро секогаш е во брендирани парчиња и комбинациите кои ги носи не може да поминат незабележани и никогаш не се здодевни или обични.
# @franaugarkovic - Франа Угарковиќ
И за крај, Франа. Уште една ТикТокерка која ги воодушеви сите со својот стил. Реакциите на нејзините модни комбинации секогаш гласат: „Токму тоа ми требаше“. Уште нема многу следбеници, па затоа во Хрватска ја нарекуваат „наша мала тајна“.
фото: Принтскрин / Инстаграм