Huawei го демонстрираше првото теренско испитување на една бранова должина од 1.6+Tb/s
Huawei го заврши водечкото индустриско оптичко DWDM испитување со стапки на линијата на една бранова должина од 1,66 Tb/s, во рамките на сценариото за меѓусебно поврзување на центарите за податоци со голем капацитет (DCI). Заедно со европскиoт оператор од 1. ниво, ова истражување беше изведено на 96,5 км долг терен опремен со G.652 стандардни влакна, користејќи само EDFA засилување. Пренесени се вкупно 34 канали со распон од 150GHz за вкупен капацитет на влакна над 56Tb/s и спектрална ефикасност поголема од 11bit/s/Hz.
Дополнителните демонстрации вклучуваат трансмисија на една бранова должина од 1,77Tb/s над 60км, 1,65Tb/s над 120км и 1,6Tb/s над 180км. Ова рекордно достигнување беше постигнато со напредните алгоритми на Huawei за обликување на каналите (CMS). Опфаќа напредна нелинеарна дигитална обработка на сигналот и напредна модулација заснована на 400QAM, со користење на подобрено обликување на веројатноста на констелацијата (ePCS). Посебно, со употреба на алгоритми засновани на длабоки нервни мрежи се постигнуваат супериорни перформанси во однос на најсовремената обработка на сигналот.
Во понатамошниот приказ, беше извршена демонстрација на метро мрежата, прикажувајќи 1,28 Tb/s нето брзина на една бранова должина во ROADM базираната мрежна врска од 452 км со G.652 влакна, исто така, користејќи само EDFA засилување.
Д-р Максим Кушнеров, директор на лабораторијата за оптички и квантни комуникации рече: „Постигнавме важна пресвртница кон ерата на пренос од 1,6 Терабити во секунда во DCI и метро мрежите. Понатаму, со примена на Super-C+L линискиот опсег, вкупниот капацитет на влакна може да надмине 100Tb/s и да обезбеди доволно простор за идниот раст на мрежата, воден од брзото ширење на услугите во облак“.
* ПР - објава