HUAWEI го претставува P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP и воодушевувачки дизајн

HUAWEI го претставува P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP и воодушевувачки дизајн

Објавена во: После „Школо“ // PR

Huawei го претстави HUAWEI Psmart Pro - најновиот паметен телефон, со модерен дизајн и ажурирани спецификации што го прават празнично искушение меѓу поприфатливите модели на пазарот. P smart Pro е опремен со тројна ултра широка камера со вештачка интелигенција од 48MP, 6,59-инчен HD FullView дисплеј и совршено интегрирана поп-ап предна камера.

Изгледот на моделот е инспириран од концептот на естетиката на времето. И „Breathing Crystal“ и „Midnight black“ носат убавина во различни периоди од денот – мирни, кристално чисти езера преку ден и длабоката мистика на полноќ.

Заден стаклен панел за неверојатен дизајн 

Исто како и огледалниот екран на уредот, така и задниот панел игра со светлина и сенки.

Тој е направен од стакло преку нано текстура и вклучува процес на полирање на стаклото од 21 слоја. Покрај тоа, 3D рамката создава природна и насочена транзиција од задниот панел на предниот дисплеј и обезбедува поудобно држење.

HUAWEI P smart Pro располага со страничен механизам за отпечатоци кој ги комбинира во едно копчињата за напојување и отклучување. Оваа одлика им овозможува на предните и задните панели да бидат максимално чисти и да можат корисниците да користат едно копче за повеќе намени.

6,59-инчниот екран со FullView открива свет без граници

Уредот има LCD дисплеј од 6,59 инчи (2340х1080) кој открива суптилни детали и ги прави боите на екранот да изгледаат уште поживописни. Заедно со микро-слушалката вградена во горната рамка и сензорот за околина на долниот дел, поп-ап предната камера му овозможува на дисплејот да има уште потенки рамки, додека го одржува интегритетот на дисплејот. Покрај тоа, HUAWEI P smart Pro има висок сооднос на екранот со телото, а самиот екран е со пропорции 19,5:9, со што максимално се зголемува областа на гледање. Екранот нуди јасна слика, а кога ќе се исклучи, горните и долните рамки „исчезнуваат“ и изгледа како црно огледало без граници.

Покрај тоа, HUAWEI P smart Pro се грижи за очите на корисниците со режим за удобност, што овозможува подобро искуство на читање. Екранот е овластен од TÜVRheinland и блокира штетно сино светло. Потрошувачите можат интелигентно да ја прилагодат осветленоста на екранот со околината, благодарение на технологијата за рефлексија на сончевата светлина. Ова обезбедува непречено гледање на екранот во сите услови.

Паметен уред со многу предности

Уредот е опремен со главна камера од 48MP, камера со ултра широк агол од 8 MP и камера со длабочина од 2 MP. Силните моќни алгоритми на Huawei нудат паметни карактеристики, вклучително и 3D осветлување на портрети, AIBeauty за портрети, препознавање на кадри со AIи режим HandheldNight, што овозможува долги експозиции до шест секунди. Во услови на слаба осветленост, режимот HandheldNight овозможува стабилизација на сликата за да се постигне ефектот на висококвалитетна ноќна фотографија.

HUAWEI P smart Pro е придвижуван од Kirin 710F кој работи со EMUI9.1. Овозможува високи перформанси со мала потрошувачка на енергија. Смартфонот има 6 GB + 128 GB складирање благодарение на двоканалното складирање UFS2.1 и моќната технологија за проширување датотечен систем (EROFS) на Huawei. Ова им дава на корисниците поголем простор за чување на своите фотографии, видеа и музика. PsmartPro има голема батерија од 4000mAh и помина серија на строги тестови за сигурност во сопствените лаборатории на Huawei.

HUAWEI P smart Pro е достапен во Северна Македонија во продажните места на Сетек и Нептунпо цена од 19 999 денари. До крајот на месецот , HUAWEI P smart Pro, ќе биде достапен и кај операторите.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: