HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022 – “Инспирирајте го светот” со вашите фотографии
HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022, годишниот натпревар за фотографија на паметни телефони, е отворен и темата на оваа година е “Инспирирај го светот”. До 15 ноември 2022 година, сите корисници на Huawei уредиширум светот можат да ги испратат своите фотографии и видеа, да станат дел од глобалната заедница на фотографи и да освојат неверојатни награди.
Основан во 2017 година, HUAWEI NEXT IMAGE Awards се одржува веќе 5 последователни години, привлекувајќи корисници на HUAWEI од над 170 земји и досега бележи скоро 3,26 милиони аплицирања. Во ова време, натпреварот еволуираше во платформа за дискусија на глобални теми поврзани со мобилната фотографија, искуството на фотографирање со камери на паметни телефони и нови форми на изразување.
“Темата на овогодинешниот HUAWEI NEXT IMAGE Awards е “Инспирирај го светот”. Ги охрабруваме сите корисници на Huawei да ги испратат своите фотографии полни со младост, топлина, енергија и оптимизам. Кадри што ја доловуваат убавината на нашето секојдневие. Со нетрпение ги очекуваме сите учесници на HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022 година од нашиот регион”,изјави Лиу Ганг-Скофилд, генерален менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија.
Проширете ги границите и креативните можности на вашиот паметен телефон
Истражувањето на новите граници во фотографирањето со паметни телефони е мисијата на Huawei, а натпреварот NEXT IMAGE Awards е само еден пример за тоа. Во текот на изминатата година, компанијата воведе голем број клучни технологии за паметните телефони, како што се вклучување на монохроматски и систем со двојна камера во боја, примена на вештачка интелигенција за мобилна фотографија и перископен објектив.
Глобална платформа за ремек-дела
Благодарение на различните категории, HUAWEI NEXT IMAGE Awards е платформа каде што корисниците на Huawei ширум светот можат да ги покажат своите најдобри фотографии и видеа. Во споредба со 2021 година, овогодинешното издание додава пет нови категории што вклучуваат Art & Fashion, Sport, како и три категории на видеа: Action, Storytelling Short Film и Storytelling Long Film. Кога сме веќе кај наградите, овогодинешниот NEXT IMAGE Awards ќе им овозможи на сите победници да соработуваат со партнерските медиуми и да добијат официјални покани за настани со што и ќе ги подобрат своите фотографски способности.
Натпреварот HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022 е поделен во девет категории:
·ART & FASHION
Уметноста и модата се највисоката форма на самоизразување.
Овековечете го моментот што ве инспирира.
·OUTDOOR
Излезете и погледнете наоколу, инспирацијата може да се најде насекаде.
·PORTRAIT
Портрет може да каже илјада зборови.
Доловете ја вистината на вашата тема.
·SPORT
Спортот комбинира акција со емоции.
Овековечете спортски момент полн со адреналин.
·HELLO LIFE
Инспиративен или емотивен момент од вашето секојдневие.
Снимете парче живот од светот околу вас.
·STORYBOARD
Серија од 3 до 9 фотографии што раскажуваат приказна или расплетуваат момент низ различни перспективи.
Снимете го патувањето на вашиот предмет.
·ACTION
Да се биде во центарот на акцијата може да го забрза вашето срце и да ги прошири зениците.
За 30 секунди или помалку, снимете момент што ви значи.
·STORYTELLING
o Краток филм: до 5 минути
o Долг филм: 5-30 минути
Раскажете приказна што ќе го инспирира светот.
На натпреварот ќе бидат одбрани 3 Grand Prize добитници, 24 победници во различни категории и 27 стимулативни награди. Секој од Grand Prize добитниците ќе добие по 10.000 долари од NEXT IMAGE Creative Fund и електронски сертификат. Првопласираните во категориите ќе добијат по 1.500 долари од NEXT IMAGE Creative Fund и електронски сертификат. Второпласираните во категориите ќе добијат HUAWEI P50 Pro (8+256G) и електронски сертификат.
За да бидете дел од овогодинешниот HUAWEI NEXT IMAGE Awards, посетете ја официјалната веб-страница и следете ги дадените чекори. Краен рок за пријавување е 15 ноември 2022 година, 18:00 часот. Сите пријави на HUAWEI NEXT IMAGE Awards мора да бидат снимени со HUAWEI уред. Нема ограничувања кога снимате фотографии/видеа или кој модел на телефон на HUAWEI го користите. За повеќе детали и правила на натпреварот, посетете ја официјалната веб-страница на Huawei.
ПР објава