Huawei OptiX SuperSite овозможува супер брз пристап во дигиталниот свет

Huawei OptiX SuperSite овозможува супер брз пристап во дигиталниот свет

Објавена во: После „Школо“ // PR

Во рамките на MWC 2021 саемот во Шангај, Huawei го лансираше OptiX SuperSite решението  за глобалните оператори. Ричард Јин, претседател на производната линија на Huawei за пренос и пристап истакна: „OptiX SuperSite е начинот на кој индустријата и домашните корисници се поврзуваат со голема брзина. Исто така, претставува можност за операторите да имаат корист од корпоративниот пазар и да го подобрат искуството за широкопојасен интернет во домот".

Корпоративните и домашни услуги се двата главни двигатели на приходите за операторите. Бидејќи претпријатијата брзо ги усвојуваат податоците во облак, тие преферираат мала латентност, висока безбедност и голема доверливост, што се карактерични за премиум приватните линии, посебно за многу големите ентерпрајз клиенти. Ова не значи дека малите и средни претпријатија се запоставени. Во секоја провинција во Кина, има голем број на комерцијални згради, а до 2025 година, 85 проценти од претпријатијата ќе бидат базирани во облак, за што ќе бидат потребни висококвалитетни и широкопојасни мрежи. Што се однесува до широкопојасниот интернет во домот, услугите доживуваат фаза на брз развој, бидејќи луѓето работат и учат од дома за време на пандемијата. Домовите се претвораат од места за забава и одмор во канцеларии и училници, каде што корисничкото искуство станува клуч за успех на пазарот.

За да бидат поконкурентни на корпоративните и домашни пазари на широкопојасен интернет, операторите треба да се фокусираат да обезбедат премиум приватни линии за претпријатијата и да гарантираат оптимално E2E искуство за домашните клиенти. Овие два фактора го поддржуваат долгорочниот раст во иднина.

Huawei го лансираше OptiX SuperSite решението, што е првото иновативно решение во индустријата за распоредување на оптичките мрежи за пренос и пристап на истата локација. Оваа иновација сигнализира три „супер“ надградби на мрежата:

Супер архитектура: Единствената технологија за насочување на оптичките брановоди имплементира OXC на ниво на плочата, што резултира со уреди кои се 80 проценти помали. Покрај се, OXC можностите се распоредени до работ, имплементирајќи Frog Hop архитектура, што го олеснува единствено поврзување на хоп услугата со облак за само 1 мс.

Супер искуство: P2MP OTN технологијата е создадена за корпоративните корисници и ги користи постоечките ресурси на влакна на ODN, усвојувајќи ги премиум приватните линии за големите претпријатија од различните индустрии. За домашните корисници на широкопојасен интернет, првиот F5G супер сателититски линк заснован на OLT се користи за имплементација на E2E и пружање на врвно искуство.

Супер база: Поедноставените веб локации се поисплатливи, а немите ресурси се обединуваат за да се ослободи целиот потенцијал на оптичките влакна. Покрај тоа, долгорочниот развој значи дека една мрежа функционира во текот на децении, додека TCO мрежата е повеќе од преполовена во својот животен циклус.

Три режими (надворешен, кабинет или CO) им се достапни на операторите, во зависност од нивните барања.

Ричард Јин изјави дека OptiX SuperSite решението е како супербрз портал во дигиталниот свет, овозможувајќи висококвалитетен пристап до сите услуги и единствен пристап до паметните градови.

MWC Шангај 2021 се одржа од 23 до 25 февруари во Шангај, Кина. Huawei ги претстави своите производи и решенија на штандовите Е10, Е50 и Е90 во N1 халата во новиот Интернационален изложбен центар во Шангај (SNIEC). За повеќе информации, посетете ја веб-страницата https://carrier.huawei.com/en/events/mwcs2021.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: