Huawei со најбрз раст на продажбата на уреди за носење - 87,2% на годишно ниво

Huawei со најбрз раст на продажбата на уреди за носење - 87,2% на годишно ниво

Објавена во: После „Школо“ // PR

Следејќи ја својата стратегија за создавање екосистем на паметни уреди кои работат заедно за да се постигне таканаречениот SeamlessAILife од потрошувачка перспектива, Huawei има најголем раст на пазарот на продажба на уреди што се носат од 87,2% на годишно ниво и ги зајакнува своите инвестиции во истражување и развој со отворање на Huawei Health Lab, дел од вкупно 14 истражувачки центри и 36 заеднички центри за иновации низ целиот свет.

До неодамна, паметните додатоци кои спаѓаа во категоријата wearablesили уреди за носење, се сметаа заегзотични технолошки додатоци, но тие сè повеќе стануваат неопходен дел од нашето секојдневие. Податоците на пазарот покажуваат силен раст во секторот за време на пандемијата, паралелно со зголемените трошоци за електроника. Ситуацијата во светот, која трае веќе една година, го насочува вниманието на луѓето кон поголема здравствена заштита и прилагодување на начините за постигнување физичка активност, кон повеќе индивидуални активности. Со овој тренд, виртуелните интелигентни тренери, кои ја следат нашата секојдневна активност, клучните здравствени параметри и специјализираната обука, стануваат баран и сакан партнер за одржување на добрата физичка и ментална форма.

Лидер во годишниот раст на продажбата

Според најновиот IDC Worldwide Quarterly Wearable Device Tracker, Huawei моментално е рангиран на 3-то место во светот, и е играч со најбрз раст на пазарот. Компанијата ја зголеми својата продажба за 87,2%, со испораки од над 13,7 милиони уреди за носење на своите клиенти. Особено во продажбата на нараквици за фитнес и паметни часовници, Huawei исто така забележа најголем раст на годишно ниво од 88,1% со испорачани над 10,7 милиони уреди за носење на зглобот.

Податоците покажуваат голем успех за Huawei, а особено во четвртиот квартал од 2020 година. За овој период, во регионот на Централна, Источна и Северна Европа, фитнес нараквиците и паметните часовници на компанијата генерираат 22% удел на пазарот и ја заземаат водечката позиција.

Huawei HealthLab

HuaweiHealthLabе најголемата здравствена и спортска лабораторија со која управува Huawei, комбинирајќи две зони со над 20 типа опрема во областа на професионалното истражување и развој. Првата е експериментална област за тестирање на веродостојноста на сите паметни производи што се носат, кои се подложени на 25 видови тестови на издржливост. Втората се фокусира на постигнување професионална здравствена анализа со нивна помош.

Грижа за физичката и менталната форма

Во моментов, на нашиот пазар се продаваат најновите паметни часовници на компанијата, Watch GT 2 Pro и Watch Fit, како и часовникот Watch GT 2 и фитнес нараквицата Band 4. Со нив можете да го следите пулсот и нивото на сатурација на крвта со кислород, квалитетот на вашиот сон и нивото на стрес. И, се разбира, детално да бидете инспирирани од многуте програми за тренинг и спортување за да бидете во добра форма и расположение.

Сите уреди се поврзани со вашиот паметен телефон, без оглед на брендот, со апликацијата HuaweiHealth. За уредите базирани на iOS, апликацијата се наоѓа во AppleAppStore и за сите уреди со Android, се препорачува преземање и ажурирање преку Huawei AppGallery. AppGallery е продавницата за апликации на Huawei, која е инсталирана на паметните телефони Huawei, и може да се преземе и да се користи на сите други паметни телефони базирани на Android.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: