Huawei ќе ги лансира производите од Matebook серијата на лаптопии на македонскиот пазар

Huawei ќе ги лансира производите од Matebook серијата на лаптопии на македонскиот пазар

Објавена во: После „Школо“ // PR

Кон крајот на месецов, технолошкиот гигант Huawei ќе го прошири своето портфолио на паметни производи во Северна Македонија со нова категорија – лесни и преносни лаптопи од Matebook серијата. Македонските корисници ќе имаат на располагање 4 претставници - моделите Matebook X Pro со 13,9 инчен дисплеј на допир, ултра тенкиот 13 инчен Matebook 13 и елегантните машини од средниот ценовен опсег, Matebook D14 и D15.

Сите модели се одликуваат со Full View дисплеј, елегантнo металнoтело, копче за стартување со препознавање на отпечатоци и поддршка на интелигентни одлики за поврзување на лаптопот и вашиот паметен телефон Huawei, познати како Multiscreen collaboration или интеракција со повеќе екрани.

Huawei Matebook X Pro

13.9 инчниот Huawei Matebook X Pro тежи само 1,33 кг и е дизајниран за динамични деловни луѓе и креатори на дигитални содржини кои бараат мобилност, долготрајност на батеријата, супер детален и светол дисплеј, стил и уникатност.Хардверскиот систем е составен од 10-та генерација на процесорот Intel® Core ™ i7-10510U, 1TB SSD и NVIDIA® GeForce® MX250 видео картичка што работи со 2 GB GDDR5, а батеријата од 56Wh има неверојатно долг век на траење, подготвен да ги исполни барањата на сите потрошувачи. Huawei Matebook X Pro се очекува со оперативен систем Windows 10 Pro.

Huawei Matebook 13

13 инчниот Matebook 13се базирa на мобилен процесор AMD Ryzen™ 5 3500U со графичка картичка Radeon™ Vega 8 и 512GB SSD. Екранот има сооднос 3:2 и резолуција од 2160X 1440 пиксели и исто така поддржува 100% од опсегот на sRGB. Батеријата од 42Wh трае до 10 часа нормална употреба и се полни со компактен полнач Type-C. Matebook 13 доаѓа со оперативен систем Windows 10 Home.

Huawei Matebook D14 & D15

HUAWEI MateBook D14 и D15 располагаат со дисплеј од 15,6 инчи и 1080p резолуција(1920x1080) и широк агoл на гледањеод 178 степени. Конфигурациите засновани наAMD Ryzen™ 73700U со Radeon™ Vega 8/ Radeon™ Vega RX 10 графики и 8 GB DDR меморија се присутни во моделите, а нивната батеријаимакапацитетод 42Wh. Matebook D14 и D15 се базирани на оперативниот систем Windows 10 Home.

Интеракција со повеќе екрани со Huawei Share

Лаптопите на иднината на Huawei нудат безбројни иновативни одлики, меѓу кои е и интелигентната интеракција помеѓу хардверот и софтверот напаметниот телефон и лаптопот,наречена Multiscreen Collaboration, базиранана Huawei Share технологијата.Вашиот паметен телефон и лаптоп ќе работат како еден уред, споделувајќи содржини за да овозможат најдобро корисничко изкуство, што е и приматот на брендот.

Huawei Matebook серијата ќе биде достапна на македонскиот пазар кон крајот на август.

Повеќе информации погледнете на: https://consumer.huawei.com/mk/laptops/matebook-x-pro-2020/


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: