И двете со сличен љубовен живот: Што им е заедничко на Антониа Гиговска и Џејла Рамовиќ? (ФОТО)

И двете со сличен љубовен живот: Што им е заедничко на Антониа Гиговска и Џејла Рамовиќ? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

И двете се во љубов со клавијатурстите од својот бенд...

Како гром од ведро небо одекна веста дека младата пејачка Антониа Гиговска е бремена од клавијатуристот од својот бенд, Роберт Спасенцовски, кој и на денот на нејзиниот роденден ја побара за жена.

Но, сега младата босанска пејачка Џејла Рамовиќ ја изненади јавноста откако се дозна дека и таа е во врска со клавијатуристот од својот бенд.

Имено, познато е дека пејачката својата интима ја крие и дека никогаш не зборува за љубовниот живот, но сега конечно објави фотографија со своето момче, а фотографиите од Дубаи ја издадоа дека е многу заљубена.

Нејзиното срце го освои младиот клавијатурист Исхак Кушумовиќ од Сараево, кој веќе некое време ја следи Џејла на сите настапи.

„Џејла е прилично затворена и сите ги изненади со тие фотографии од Египет кои ги објави. Веднаш се дозна кој е тоа момче, бидејќи е дел од нејзиниот бенд и ја следи на сите настапи. Имаат исти интереси и желби. Често се заедно, но никој не знаеше дека се во тајна врска. Никогаш во јавност не се држеа за раце, беа на дистанца досега, бидејќи не сакаа да се дознае за нивната љубов“ - вели еден од колегите на пејачката.

„Таа е од такво семејство и несака да се експонира повеќе. Таа секогаш се брани со молчење, па затоа ниту сега нема да потврди дека е во врска со Исхак иако таа љубов трае веќе неколку месеци, а нејзините родители ги поддржуваат, бидејќи го запознале и навистина им се допаднал, бидејќи внимава на неа и ја чува на настапите“ - заклучи изворот. 

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: