И ги повредил стапалата: Арми Хамер повторно во центарот на вниманието со скандали
Поранешната девојка на американската ѕвезда имаше конференција за медиумите и раскажа каква тортура трпела од тогашното момче...
Поранешната девојка го обвини американскиот актер Арми Хамер за силување и злоставување, претставувајќи се како Ефи.
24-годишната девојка организираше прес-конференција со својата адвокатка Глорија Алред, па низ солзи раскажа дека ѕвездата на филмот „Скриена љубов“ ја силувал на 24 април 2017 година, кога имала само 20 години, пишува Pagesix.
Го обвинила и за ментално, физичко и сексуално злоставување додека биле во врска, а исто така опиша и како изгледало.
„Стануваше погруб секој пат, и во еден момент помислив дека ќе ме убие“ - тврди поранешната девојка на актерот.
Ефи и Арми врската ја започнале откако се запознале на социјалните мрежи во 2016 година. Девојката изјави дека нејзиниот тогашен познаник, а подоцна и нејзин партнер, манипулирал со неа и дека една година подоцна, кога ја силувал, и ги повредил стапалата.
„Следните седум дена едвај одев од болка“ - објасни таа, а потоа адвокатот на Хамер ги негираше сите обвинувања.
„Од самиот почеток, секој однос што г-дин Хамер го имаше со Ефи се одвивал целосно со заедничка согласност пред самиот чин. Тие разговарале и се согласувале за сè. Ефективно привлекување внимание и одлуката да се постапува на овој начин всушност, само ќе ја намали можноста правдата да биде задоволена за вистинските жртви на насилство“ - рече адвокатот на актерот и додаде дека е токму спротивното.
„Таа го замолила Хамер да имаат малку погруба игра, за што тој не бил подготвен“ - рече адвокатот.
Сепак, ова не е единственото обвинување за злоупотреба од страна актерот. Арми неодамна беше среде скандал кога на Инстаграм протекоа неговите шокантни пораки што им ги испрати на бројни жени, кои неодамна решија да објават сè во јавноста. Пораките што наводно ги испратил 34 - годишниот Арми биле објавени на неговиот Инстаграм профил наречен „House of Effie“, а сега е јасно дека најверојатно се поврзани со жената која сега се појави во јавноста и ги содржат неговите вознемирувачки желби , пораки за силување и канибализам.
Се наведува дека пораките ги испраќал помеѓу 2016 и 2020 година кога бил во брак со Елизабет Чемберс, со која има две деца.
Пред Ефи, две негови поранешни девојки зборуваа за сè - Пејџ Лоренс и Кортни Вучковиќ, двете згрозени од преференциите на Хамер - Пејџ ја жигосувал, а на Кортни ѝ дал предлог да ја пече на скара и да ја изеде.
„Тој рече дека сака да ми го скрши реброто, да го испече, а потоа да го проголта. Тоа беше чудно“ - рече Кортни.
„Му се допаѓа идејата да има кожа и месо под забите“ - додаде Кортни.
Во меѓувреме, Хамер засолниште побара на Кајманските острови каде што престојува со неговата поранешна сопруга и нивните две деца, а таа неодамна ги искоментира ваквите приказни.
„Немам зборови“ - кратко одговори Елизабет на сите обвинувања.
фото: Profimedia