И јас сум дете во душата како Талат: Дритон Вејсели е и слаткар и актер

И јас сум дете во душата како Талат: Дритон Вејсели е и слаткар и актер

Објавена во: Филм, Интервјуа

„Пансион Преспав, Талат на телефон, како моем да ви помогнем?“ Вака симпатичниот рецепционер од  „Преспав“ им се обраќа на потенцијалните гости на пансионот. Актерот Дритон Вејсели како Талат од прва ги освои гледачите некаде на средината на првата сезона, а неговиот лик уште повеќе се разви во втората и во третата сеозна на популарната Тв серија. Актерот Вејсели ни раскажа за неговите слилчности со Талат.

„ Тој е навидум наивен и помалку несмасен и бавен, но не е таков. Талат е еден бескрајно весел лик, дете во душата и прилично е снаодлив. Моите сличности со него се токму тука, и јас понекогаш за себе си велам дека сум уште дете во душата“, ни раскажа актерот. Дритон додава дека леснотија за играње на овој карактер му дава тоа што и тој, како и ликот на Талат е од ист крај.

Со колегата Игор Стојчевски кој го глуми Тони 

“ Талат е од тетовско Џепчиште, јас сум исто така од Тетово, така што акцентот е мој. Тоа ни е уште една сличност“, ни релче Вејсели. Во моментов, освен „Преспав“, тој нема други ангажмани. Освен со приватниот, семеен бизнис на кој е многу посветен.

„Моите родители се сопственици на слаткарница, тука во Скопје, на „Малага“. Сладоледот е наш специјалитет со години, а мајка ми , освен сладоледот прави убав лахмаџун. Многу сме горди на оваа наша традиција. На родителите им помагам и јас, колку што можам. Рецептот за сладолед е наша мала семејна тајна. Ете уште една сличност со Талат, и јас и тој работиме во угостителството“, ни изјави актерот. 

М.Џаровска


Објавена во: Филм, Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: