И камен би заплакал: Турска кошаркарка заминала на посета кај баба ѝ, по земјотресот била пронајдена во урнатините
Немало спас за Нилај Ајдоган...
Многу тажни вести пристигнуваат од Турција. Кошаркарката од женската репрезентација на оваа земја, Нилај Ајдоган (30) е пронајдена мртва по стравичните земјотресите кои ја погодија Турција.
За работите да бидат уште потажни, таа заминала на посета кај баба ѝ во градот Малатија, кој бил на удар од стравичната природна катастрофа, која зеде повеќе од 30.000 животи, вклучувајќи и бројни спортисти. Веќе сведочевме на пронаоѓањето на телата на бројни одбојкари, одбојкарки, фудбалери, кошаркари и кошаркарки...
Инаку, несреќната Нилај била студент на приватниот Универзитет под име „Чанкаја“, во главниот град Анкара, а настапувала за турската репрезентација во баскет „3х3“.
Порано, од самиот Универзитет стигнала информација деак куќата во која се наоѓала била уништена и дека акцијата за спасување била во тек. За жал, без добри вести, што потврди и Турскиот кошаркарски сојуз, како и нејзиниот Универзитет.
„Ги дознавме трагичните вести за смртта на Нилај Ајдоган, студентка на Универзитетот Чанкаја, која играше во националниот шампионат за дами. Нека ѝ почива душата во мир, изразуваме сочувство до семејството, роднините и целиот кошаркарски свет“ - напишаа на Инстаграм од Универзитетот.
фото: fiba.basketball