Ѝ кажале дека детето се родило мртво: По 29 години добила емаил кој променил сѐ
Тина Бејарано раскажува дека пораснала отуѓена од своето семејство, а за неа се грижеле нејзиниот очув и мајка која се однесувала насилно кон неа.
Пред неколку години, нејзината ќерка ја убедила да направи ДНК тест. Тоа ја вратило на нешто што се случило пред 30 години.
Бејарано го родила своето второ дете на 17 години, а во тоа време нејзината мајка која ја малтретирала ѝ наредила да задржи само едно дете, пренесува „Фокс“.
По раѓањето, бебето го добило името Кристин.
„Мајка ми ми кажа дека бебето умрело 15 минути откако се родило. Не ми дадоа да го видам телото на своето девојче. Секоја година ми беше сѐ потешко. Западнав во депресија и постојано плачев“ - откри Тина.
Оттогаш речиси три децении, Бејарано и незјиниот сопруг Ерик Гардер го слават роденденот на тоа бебе.
„Тој период беше тежок секоја година“ - се присетува таа.
Во 2019 година, по толку многу години откако се откажала од надежта дека бебето некако е живо, Бејарано вели дека добила емаил.
„Мислам дека мораме да разговараме. Овде пишува дека сме во крвна врска и дека си ми мајка“ - пишувало во електронското писмо.
Наместо ќерката која ја родила, Бејарано тогаш дознала дека има син, бидејќи Кристин решила да го промени полот.
„Не ми е грижа за промената на полот, тоа е мое дете. Среќна сум што е жив“ - кажа Тина.
Пет дена по породувањето, Кристин била посвоена од семејство од Лас Вегас. Во периодот кога повторно се пронашле, синот на Тина имал 29 години, а по промената на полот живее со сопругата и детето во Њу Џерси. Првите месеци Бејарано била во контакт со своето дете, а подоцна и се сретнале.
Инаку, Ерик Гардер не е биолошки татко на детето на Тина, но дека го смета за свој син. Тие стапиле во брак неколку месеци откако таа ја родила Кристин, а двајцата сега имаат уште 5 заеднички деца.
фото: Принтскрин