И Кристина Агилера со поддршка за Бритни: Тортурата мора да престане
Кристина Агилера ја поддржа својата колешка Бритни Спирс, откако таа на суд откри со какви проблеми и ограничувања се бори последните неколку години.
Поп ѕвездата се огласи на социјалните мрежи, каде напиша дека често размислува за Бритни и дека ѝ е многу тешко поради тоа низ кое поминува во животот.
„Неприфатливо е било која жена, маж или човечко суштество да не може да го контролира својот живот, односно да не може да живее онака како што сака. Да бидеш игнориран или злоставуван од оние кои ти се „најблиски“ е најлоша и најтажна работа која може да ја замислам. Ваквата тортура остава последици на нечија психа кои не се мали и не треба да бидат иггнорирани“ - напиша Агилера.
Пејачката наведува дека не е запознаена со она што се случува зад затворените врати на семејството. За случајот се информирала од медиумите и од она што го слуша во јавноста. Меѓутоа, истакнува дека вакво нешто Бритни воопшто не заслужува.
„На жената која работеше под притисок, каков што многумина не можат ни да замислат, ѝ ја посакувам целата слобода на светот за да би живеала среќно. Верувајте ми, тоа и го заслужува“ - заклучи пејачката Кристина Агилера.
Да потсетиме, Бритни во последните 13 години е под старателство на татко ѝ, кој ја спречува во носењето на главните одлуки во сопствениот живот.
„Толку сум бесна што не можам да спијам и депресивна сум. Заслужувам промени“ - кажа пејачката на суд. Спирс јасно даде до знаење дека сака старателството над неа да престане.
„Го сакам само мојот живот назад. Поминаа 13 години и доста е. Доста е и воопшто нема смисла. Сакам да го тужам своето семјство, да бидам потполно искрена“ - истакна Бритни помеѓу останатото за време на сведочењето.
фото: Frank Micelotta Archive/Getty Images