И кучињата носат лоши одлуки: Барал од сопственичката да го прошета на дожд, па зажалил (ВИДЕО)
Видеото има повеќе од 3,8 милиони прегледи...
ТикТок е навистина преплавен со видеа од домашни миленици во разни ситуации. И прилично уживаме во нив. Некои знаат да бидат емотивни, додека други се забавни и смешни.
Ова покажува колку кучињата може да бидат тврдоглави, но и како тврдоглавоста умее да им дојде на глава. Сара Хипкинс е сопственичка на бостонски теријер и му ја исполнува секоја негова желба. Дури и ако тоа значи дека треба да го прошета по дожд.
Одлучила да го сними за време на една таква прошетка, а потоа тоа видео го објавила на ТикТок.
„Но, време дожд. Сакаш да се измокриш? И многу дува. Ладно е. Подготвен си?“ - му зборува Сара на своето куче, кое е облечено во капут.
Сара сакала да покаже како нејзиниот миленик понал, па покрја тоа што го снимила пред и за време на прошетката, го снимила и по неа. Кога влегле во автомобилот, малиот теријер се тресел до студ и целиот бил мокар.
„Дури и кучињата носат лоши одлуки“ - пишува во описот на видеото, кое има повеќе од 3,8 милиони прегледи.
@sarahhopkins06 Even dogs make bad choices #walk #bostonterrier #wales #rain #bestfriend original sound - Sarah Hopkins