И младите музичари беа дел од протестот: Што ли ќе договорат на средбата со Заев?

И младите музичари беа дел од протестот: Што ли ќе договорат на средбата со Заев?

Објавена во: Stars // Музика

Вчерашниот протест пред Владата на музичарите и угостителските работници се покажа како успешен. Резултатот за тоа е закажаната средба со премиерот Зоран Заев, со кој ќе разговараат за решение кое ќе биде во корист на сите.

Но, освен ова интересно е тоа што на овој протест присуствуваа и го поддржаа многу млади музичари. 

Во првите редови беше Антониа Гиговска, заедно со нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на бендот „Либеро“.

Помеѓу поддржувачите на протестот беше и кумановецот Мартинијан Кириловски, кој на својот Инстаграм профил сподели „стори“ на кое напиша: „Штотуку помина протестот и главните организатори ќе бидат повикани во петок кај премиерот на разговор. Драги музичари вредеше.“


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: