И момците имаат несигурности кои ги мачат: Околу овие 7 работи се особено загрижени

И момците имаат несигурности кои ги мачат: Околу овие 7 работи се особено загрижени

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Изгледа дека девојките не се единствени кои се загрижени околу овие работи...

Доколку сметаш дека претеруваш бидејќи си несигурна околу различни работи, ниту момците не се нешто подобри. Разликата е во тоа што тие тоа не го откриваат. Изгледа како да немаат никакви грижи на овој свет, но всушност во главата им се вртат различни работи.

Ова се само некои од оние работи кои ги загрижуваат момчињата:

# Коса

Колку што девојките се грижат за својата коса, толку се грижат и момците. Сите знаеме барем едно момче кое посветува многу внимание на својата коса, отколку ние самите. Правењето на фризурата некогаш им трае толку долго што делува како да имаат коса долга до под, а не неколку центиметри. Сакаат да изгледа колку што е можно подобро и во тоа нема ништо лошо, а косата е една од оние работи кои сите прво ќе ги забележат и затоа сакаат да изгледаат што подобро. Исто така, тука е и фактот дека момчињата брзо ќелават, некои дури и во 20 - тите години, што им е уште еден дополнителен извор на стрес.

# Висина

Уште една слаба точна во животите на момчињата е висината. Сакаат да бидат високи, бидејќи девојките повеќе ги сакаат повисоките момчиња. Исто така доколку момчињата се ниски, константно се шегуваат со нив на училиште. Ова е една од работите на кои не можат да влијаат. На момците висината им е важна и никој не може да ги увери во спротивното.

# Влакна на лицето (бркови, брада)

Брковите и брадата се сметаат на олицетворение на вистински маж. Од моментот кога ќе започнат да им растат првите влакна на лицето на кои се горди повеќе од било што друго, до моментот кога ќе израснат вистинска „машка“ брада - на момците влакната на лицето им се важни и оние кои немаат или не им растат како што сакаат, се чувствуваат несигурно.

# Поранешните момчиња на девојката која им се допаѓа

Девојките не се единствените кои се загрижени поради поранешните љубови. И момците оваа работа еднакво ги мачи, особено доколку станува збор за некој со кој девојката која му се допаѓа, а била подолго во врска или доколку тоа е некој за кој девојката воопшто не зборува. Ќе го споредуваш ли со поранешното момче или ќе може ли да биде подобар од него? Како да го победи и да биде подобар?

# Раце

Пресветли, претенки, премалку или премногу влакна? Како да знае какви раце се доволно добри за девојките? Ова е една од оние работи на кои, за разлика од висината, може да работи и да ги промени. Доколку некој дел од телото особено ги загрижува момците, тоа се рацете.

# Планирање на првиот состанок

Многу девојки на прашањето „Каде сакаш да одиш?“ или „Каде сакаш да седнеш?“ најчесто ќе одговорат „сеедно“. И тука момците остануваат со многу прашалници над главата. Сакаат првиот состанок да биде супер, да се забавуваат и да ги освојат девојките, но како доколку таа на сите прашања одговара со нејасни одговори. Како да го погоди вистинскиот состанок и како да ја освои е нешто околу што многу момчиња размислуваат и размислуваат. Ова им е навистина важно и сакаат да бдие успешно. Еднакво се нервозни и загрижени за состанокот како и ти.

# Како да биде вистинско машко

Исто како што девојките на социјалните мрежи од сите страни ги „напаѓаат“ фотографиите на инфлуенсерките кои изгледаат топ, така и момците ги напаѓаат пораките како да бидат вистинско машко. Од една страна се зборува дека треба да покажат чувства, да бидат драги, нежни и грижливи, а од друга страна дека треба да бидат и силни мажи, не треба да бидат емотивно меки и над крајот, дека девојките цело време паѓаат на „злобни“ момци. Што сега? Збунетоста го достигна врвот.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: