Ѝ понудил водка со лимон: Мајка сподели застрашувачки фотографии од ќерката која се изобличила по неколку голки алкохол измешани со дрога

Ѝ понудил водка со лимон: Мајка сподели застрашувачки фотографии од ќерката која се изобличила по неколку голки алкохол измешани со дрога

Објавена во: Живот // Живот

Тинејџерката била хоспитализирана откако го испила пијалакот, за кој се испоставило дека содржел дрога...

Мали Таплин од Есекс на 31 јули го прославувала својот 18-ти роденден во барот „Moo Moo“. Таа и неколку нејзини пријателки се запознале со група момчиња. Еден од нив ѝ понудил пијалак кој го опишал како водка со лимон.

Мили се напила неколку голтки. Не повеќе, бидејќи како што кажува и самата, пијалакот бил пресилен, а таа тоа не го сака. Набрзо почувствувала наплив на топлина. Скоро четири часа немала контрола над своето тело. Била пренесена во болница, каде во нејзиното тело биле откриени лекови кои ја парализирале. Избезумената мајка, Клер Таплин, ја споделила приказната на својата ќерка за да ги предупреди другите да внимаваат на „љубезните странци“.

„Мојата ќерка имала среќа што нејзините пријатели реагирале на вистински начин. Ве молам да ја споделите оваа објава за да ги едуцирате луѓето“ - замоли мајката на Мили.

Жената ги сподели фотографиите на кои се гледа во каква состојба е нејзината 18-годишна ќерка. Младата девојка не можела да го контролира своето тело, рацете и вилицата ѝ биле искревени, не можела да изговори ниту еден збор.


„Се обидуваше да воспостави контакт со очи со мене, но не можеше да зборува“ - искоментира Клер Таплин во интервју за „Мирор“.

Одлуката да ги објави фотографиите не била лесна за Клер.

„Оваа фотографија е вознемирувачка, но ако се спаси една девојка, само една девојка, вреди да се сподели. Ништо не може да ве подготви за да видите нешто вакво. Едноставно е застрашувачко. Изгледаше опседнато. Ја гледав и помислив - што ѝ дале по ѓаволите. Никогаш во животот не сум видела нешто вакво“ - додаде таа.

Девојката се опоравила за неколку часа, следното утро била пуштена од болница.

„Можев да видам како се случува. Можев да им одговарам на љуѓето во својата глава, но не можев да изговорам ништо. Немав контрола над своето тело. Беше навистина страшно. Никогаш не сум се чувствувала така“ - објасни Мили, а потоа додаде:

„Без оглед на тоа што мислите дека некој го познавате добро, никогаш не прифаќајте пијалок“.

Инцидентот бил пријавен во локалната полиција и во ноќниот клуб во кој Мили била дрогирана.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: