„И што правиме сега?“: Инстаграм воведува нови правила за испраќање голотија во инбокс на ФОТО

„И што правиме сега?“: Инстаграм воведува нови правила за испраќање голотија во инбокс на ФОТО

„И што правиме сега?“

Мета развива сет на нови опции за Инстаграм за да ги заштити корисниците од „несакана и несоодветна содржина“.

Портпаролката на компанијата вели дека новата технологија во развој ќе ги заштити луѓето од несакани пораки, особено од оние кои содржат голотија.

 Портпаролката на Мета, Лиз Фернандес вели дека работат на новата опција со експерти за сајбер безбедност за да се обезбеди приватност на корисниците и во исто време времето дава поголема контрола врз пораките кои ги примаат.

Компанијата додава дека повеќе информации за новата опција и како таа функционира ќе објави во следните неколку недели.

Опцијата сѐ уште е во фаза на тестирање и, според најавите, треба да им даде на корисниците поголема контрола врз искуството со апликацијата

Патем, испраќањето голотија и други несакани сексуални пораки на непознати наскоро би можело да стане кривично дело во Велика Британија, доколку парламентот донесе нов закон за безбедност на интернет.


Foto: Twitter/Alessandro Paluzzi

Можеби ќе ве интересира: